Селин Дион го одложи шоуто во Лас Вегас поради здравствени причини

Светски познатата канадско-американска пејачка Селин Дион го одложува отворањето на своето ново шоу во Лас Вегас, поради здравствени проблеми.



Легендарната пејачка „доживува тешки и напорни грчеви во мускулите“ што ја спречуваат да настапува, се вели во соопштението за печатот.

– Нејзиниот медицински тим продолжува да ја проценува и третира. Сепак, симптомите што ги доживува, не ѝ дозволуваат да учествува во тековните проби за новото шоу.

Дион требаше да отвори ново шоу во „Resorts World Theatre” во Лас Вегас на 5 ноември. Меѓутоа, претставите за оваа година, како и оние за јануари и февруари, се откажани.

– Мојот тим и јас работевме на нашето ново шоу изминативе осум месеци, и тоа што не можеме да го отвориме овој ноември ме растажува многу, напиша Дион на Инстаграм.

Новиот датум на отворање на нејзиното ново шоу сѐ уште не е одреден. Од друга страна, продолжението на „Светската турнеја за храброст“ на Дион сѐ уште важи за во март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби