Елтон Џон му забележа на Ед Ширан дека ја издал тајната за заедничкиот дует

Британскиот пејач сер Елтон Џон му забележа на својот помлад колега Ед Ширан, дека издал „деловна тајна“ околу нивниот иден заеднички божиќен дует.



– Се заколнав на тајност, а потоа големата уста, зае**ниот Ширан отиде во Холандија! Би требало (песната) да излезе – сè уште не сме ја завршиле, а има уште многу да се доврши. Песната во мигов нема датум, а ни наслов на објавување, изјави сер Џон.

Ширан претходно рече дека идејата за дуетот дошла од Џон, кој му се јавил лани откако неговата песна „Step Into Christmas“ првпат се најде на официјалната топ 10 листа во Велика Британија.

– Елтон ми заѕвони на Божиќ за да ми посака ,,Среќен Божиќ”! Елтон ми ѕвони речиси секој ден. Па, ми вели – ,,Песнава е број 6 на топ-листата! Сакам да направам уште една божиќна песна – ќе го направиш ли тоа со мене?”, раскажа Ширан.

По кусо двоумење, помладиот пејач се согласил. Ширан (30) и Џон (74) и претходно ги здружија силите, за настапот на Греми наградите 2013 година. Но Џон, исто така, и претходно му укажувал на грешките на Ед зад сцената.

Во интервју за списанието „Ролинг стоун“ од 2013 година, тој рече дека Ширан го потсетува „на себе, на уметникот – кога почнувал“ со кариерата. Песната, според сѐ, е далеку од готова, а Ширан синоќа соопшти и дека е позитивен на Ковид-19.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби