Во продажба билетите за јубилејниот 20. ОФФ -Фест

Влезниците за јубилејното 20. издание на традиционалниот ОФФ-Фест, што годинава ќе се одржи од 9 до 13 ноември, се веќе достапни (во строго ограничен број) на билетарницата на НОБ и на mktickets.mk.

Фестивалот годинава е сочинет од 5 концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2021 ќе го отвори, на 9 ноември (вторник), извонредното португалско/шпанско дуо Lina_Raül Refree, коешто испорачува осовремено и надградено фадо, музика што ги надминува географските одредници.

Сеќавањата на големата португалска пејачка легенда Amália Rodrigues (1920-1999) ќе бидат освежени, не само со овој концерт, туку и со проекцијата на документарниот филм „The Art of Amalia”, посветен на култната кралица на фадото. Мистичниот минимализам, имагинарниот фолк и нескротливата музичка фантазија и вештина на словенечкото трио Širom, во комбинација со апокалиптичната самба на извонредниот гитарист/композитор и воедно еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика Kiko Dinucci, ветуваат, на 11 ноември (четврток), исклучително концертно доживување од највисок ранг. Конечно, на 13 ноември (сабота), величествената моќ на еден од најинвентивните и најоригиналните африкански автори Blick Bassy (Камерун / Франција) ќе ја пресретне неодоливиот шарм, визија и поезија на нашиот Pijan Slavej, новиот проект на Бранислав Николов - фронтменот на Фолтин. Сите концерти на годинешниоте ОФФ-Фест ќе бидат одржани во Националната опера и балет.

Повеќе детали за фестивалот: www.offest.com.mk
Инфо за билетите: http://www.offest.com.mk/bileti.html
Facebook event: https://www.facebook.com/events/295341172412584/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби