„Ролинг стоун“ објави листа на 200 најголеми пејачи на сите времиња

Култното списание „Ролинг стоун“ објави листа на 200 најголеми пејачи на сите времиња – „вокалисти кои ја обликуваа историјата и ги дефинираа нашите животи – од госпел до панк“, како што се вели во описот.



-Кога „Ролинг стоун“ првпат ја објави својата листа на 100 најдобри пејачи во 2008 година, користевме подробен процес на гласање што ги вклучуваше мислењата на познатите музичари. Резултатите ги фаворизираа класичниот рок и пејачите од 60-тите и 70-тите. Оваа нова листа, составена од страна на нашите вработени и клучните соработници, опфаќа 100 години поп-музика како тековен разговор на светско ниво, при што легендарната индиска пејачка Лата Мангешкар ‘слетува’ меѓу Ејми Вајнхаус и Џони Кеш, а кралицата на салсата – Селија Круз го наоѓа своето место пред Принс и Марвин Геј. Можеби ќе забележите дека, да речеме, нема никој од светот на операта на нашата листа – тоа е зашто нашата задача е поп-музиката, што значи дека скоро сите уметници на оваа листа имале значајни кариери како ѕвезди, успешни во повеќе области, кои создаваат популарна музика за широките маси, се наведува во написот.

Во влијателното списание се истакнува и дека ова е список на најголеми пејачи, а не најдобри гласови.

-Талентот е импресивен… Генијот е трансцендентен. Се разбира, многу луѓе овде се родени со големи гласови, совршен тон и безграничен опсег. Други имаат погруби, почудни или понежни ’инструменти’ т.е. гласни жици. Како што вели нашата статија за човекот кој заврши на број 112, ’Ози Озборн го нема она што повеќето луѓе би го нарекле добар глас, но тој има одличен глас’. Тоа би можело да важи за повеќе луѓе на списокот, се наведува во воведниот дел.

Како што се вели, на составувачите најважни им биле оригиналноста, влијанието, длабочината на нивниот музички опус и широчината на нивното музичко наследство.

-Гласот може да биде убав како оној на Мараја Кери, лут како оној на Тутс Хиберт, недооценет како оној на Вили Нелсон, мазен и буен како оној на Д’Анџело или цврст како оној на Боб Дилан. Но, на крајот, пејачите кои стојат зад тоа се тука поради една причина – тие можат да го преправат светот само со отворање на устата“, се заклучува во обраќањето.

Следат 20-те најголеми пејачи на сите времиња, според списанието:

1. Арета Френклин

2. Витни Хјустон

3. Сем Кук

4. Били Холидеј

5. Мараја Кери

6. Реј Чарлс

7. Стиви Вондер

8. Бијонсе

9. Отис Рединг

10. Ал Грин

11. Литл Ричард

12. Џон Ленон

13. Петси Клајн

14. Фреди Меркјури

15. Боб Дилан

16. Принс

17. Елвис Присли

18. Селија Круз

19. Френк Синатра

20. Марвин Геј

Целата листа на 200 најголеми пејачи на сите времиња може да се најде на интернет-страницата на „Ролинг стоун“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби