Откриено зошто Someone Like You ве расплакува!

Адел во неделата освои шест Grammy награди, од кои три за нејзиниот хит Rolling In The Deep. Сепак, песната Someone Like You ја издигна Адел меѓу ѕвездите пред сè поради моќта да ја расплаче публиката. Како може да се објасни емотивниот ефект на британката? Психолозите веруваат дека го имаат одговорот на ова прашање.

Научниците веќе долго време се свесни дека одредени елементи од музиката постојано предизвикуваат силни емоционални реакции кај слушателите. Британскиот психолог Џон Слобода ги идентификувал овие елементи за време на својот експеримент, спроведен пред 20 години. Тој побарал од љубителите на музиката да ги посочат деловите од песните кои им создале грутка во грлото и ги расплакале.

Испитаниците идентификувале 20 срцепарателни делови од песни, а д-р Слобода открил дека 18 од посочените делови содржеле музичка направа наречена аппогиатура, нота кој се судира со мелодијата, што е доволно да создаде дисонанса (дисхармонија).

- Ова создава тензија кај слушателите. Кога нотите ќе се вратат на претходно утврдената мелодија, тензијата исчезнува и се јавува чувство на пријатност, вели Мартин Ган, психолог на University of British Columbia.

Во моментот на разрешувањето на тензијата, слушателите се ежат. Кога ваква дисхармонија ќе се случи едно по друго, кај слушателите се јавуваат циклуси на тензија и олеснување, кои пак предизвикуваат уште поголема реакција. Тогаш солзите почнуваат да течат. Песната Someone Like You, содржи ноти слични на аппогиатурата.

Доктор Ган вели дека Адел малку го повишува гласот на крајот на нотите, токму во моментот пред да започне новата хармонија. Ова само уште повеќе ги засилува емоциите кај слушателите.

Заедно со д-р Марсел Зентер, Гун во 2007-та година направил истражување за емоционалните ефекти на музиката, при што идентификувал неколку музички елементи кои предизвикуваат морници кај слушателите. За време на истражувањето, на испитаниците им биле мерени психолошките реакции, вклучувајќи го ритамот на срцето, потењето и ежењето на кожата.

Студијата покажале дека музиката која содржела изненадувачко повишување на гласноста, тимбер (боја на звук) и хармониска шема создавала најголеми емотивни реакции кај слушателите.

Someone Like You е класичен пример за ваквата музичка поставеност. Започнува бавно и меко, со повторување, додека Адел пее ниско. Потоа следува рефренот, каде гласот на Адел скока цела октава, следена од ноти кои ја зголемуваат гласноста на песната. Во ист момент, хармонијата се менува и стиховите стануваат уште подраматични.

Во зависност од контекстот, од емоционалната состојба, тие се интерпретираат како позитивни или негативни, среќни или тажни. Ова пак нè води кон следното прашање: Ако песната Someone Like You ги прави слушателите тажни, зошто е тогаш толку популарна?

Научниците по неврологија на McGill University минатата година соопштија дека силните песни ги преплавуваат со допамин центрите на мозокот за задоволство и награда, исто како што тоа го прават храната, сексот и дрогата. Истражувачите откриле дека количеството на излачен допамин зависи од тоа колку пати кожата ќе се наежи при слушање на песната – дури и ако песната е многу тажна. Ова укажува дека колку песната е поемотивна, без разлика дали е депресивна или весела, слушателите се навлекуваат на неа, исто како што се навлекуваат на дрогата.

Ако се имаат предвид сите претходни истражувања, Адел и нејзиниот ко-автор Дон Вилсон, не само што ја напишале совршената срцепарателна и песна за плачење, тие ја создале формулата за комерцијален успех.

- Предизвикајте им солзи и морници со малите изненадувања - придушен глас и стихови со душа. Доволно е да седнете да ја пуштите песната и допаминот ќе почне да лачи и лачи, заклучуваат научниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби