Калиопи ќе пее од својата дневна соба

Посебна убавина на денешниот празничен ден му дава вечерашниот настап на Калиопи на втората полуфинална вечер на изборот за Песна на Евровизија во Баку. Под реден бroj 2, таа за Македонија ќе ја отпее песната „Црно и бело”. Според проценките на колегите новинари и на дел од учесниците, Македонија би требало да обезбеди пласман за саботното финале. Покрај квалитетот на песната кој има свежина и моќ, особен впечаток остава интерпретацијата на Калиопи. При секое ново излегување на сцена таа е полна со жар и енергија од емоции кои треба да допрат до сите гледачи.

„Се чувствувам одлично и опуштено. Сцената е неверојатна и ми се допаѓа што е голема. Кога сум на неа имам чувство дека публиката е многу блиску до мене. Исто како да сум во мојата голема дневна соба во која имам гости. Во еден момент им велам на гостите дека сега ќе пеам за нив и тоа е она што го паметам од пробите”.

Исто како и од првата полуфинална вечер, на втората ќе настапат 18 земји. Честа да настапи прва ја има Србија. Следи Македонија, Холандија, Малта, Белорусија, Португалија, Украина, Бугарија, Словенија, Хрватска, Шведска, Грузија, Турција, Естонија, Словачка, Норвешка, Босна и Херцеговина, Литванија.

Според проценките на ИДИВИДИ, 10-те финалисти би требало да бидат: Србија, Белорусија, Македонија, Украина, Хрватска, Шведска, Турција, Естонија, Босна и Херцеговина и Норвешка. Словачка и Словенија би можеле да бидат изненадување.

Стручните жирија од сите 18 земји заедно со оние од Обединетото кралство, Франција и Германија синоќа на втората генерална проба веќе ги доделија своите гласови. Тие ќе се додадат на гласовите од телевоутингот во сооднос 50-50%.

Денес на програмата е последната генерална проба по која во 21 часот ќе започне втората полуфинална вечер.

ИДИВИДИ заедно со своите читатели навиваат за Калиопи и стегаат палци за Македонија! Нека оваа вечер биде наша, нека се биде обоено во бело со црни нијанси!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби