Македонија гордо со „Црно и бело” во финале

„Финалист број 6-Македонија!” е реченицата која ја чекавме да биде изговорена четири години. После толкава пауза, Македонија успеа да се пласира во финалната вечер на изборот за Песна на Евровизија и да биде горда на успехот. Моќната интерпретација на „Црно и бело” испрати енергија од емоции кои очигледно никого не оставија да се чувствува рамнодушно. Тоа го потврдија силните аплаузи и извиците на одушевување во текот на настапот.

„Многу сум задоволна и горда сум што ја претставувам Македонија. Пласманот во финале е успех за сите нас, успех за Македонија”.

Во однос на изгледот, Калиопи беше во свој елемент. Носеше црн Армани костум со тесни панталони и филигран на десната рака. Шминката беше светла и ја истакнуваше свежината и живоста на нејзиното лице. Ништо не беше нагласено и се беше во функција на интерпретацијата што на крај се покажа како успешен потег. Сето ова треба да се потврди и утре на финалната вечер кога Македонија ќе настапи под реден број 22.

И втората полуфинална вечер помина речиси без изненадувања, но понуди поквалитетни песни во однос на првата. Започна еуфорично и со многу енергија. Дозирањето го започна Жељко Јоксимовиќ со „Није љубав ствар” за Србија, а кулминираше со настапот на Калиопи и „Црно и бело”. Нашата разгледница беше насловенa „Baku-city of culture”. По настапот на Македонија, следуваше мало затишје кое го разбија: Малта, Украина и особено Швеѓанката Лорен со „Euphoria”. Едноставни настапи со убедлива интерпретација имаа От Лепланд од Естонија со песната „Kuula” и Маја Сар од Босна и Херцеговина со „Кораке ти знам”. Овие две балади колку повеќе ги слушате толку повеќе влегуваат под кожа.

По 15-минутната пауза за телефонско гласање, следеше кратка шоу програма. За неа упатуваме комплименти до домаќините, бидејќи на иста сцена ги доведоа евровизиските победници од последните пет години: Марија Шерифовиќ-Србија, Дима Билан-Русија, Александар Рибак-Норвешка, Лена Маер Ландрут-Германија и Ел и Ники од Азербејџан. Тие отпеаа дел од победничките песни во нов аранжман, а на крајот заеднички ја изведоа „Waterloo” на ABBA.

Според прогнозата на ИДИВИДИ осум од десетте земји: Босна и Херцеговина, Естонија, Србија, Турција, Норвешка, Украина, Шведска и Македонија, заедно со Литванија и пријатното изненадување Малта, обезбедија пласман во финалната вечер. Белорусија заслужи финале, но не и Хрватска, Словачка, Словенија, Бугарија, Грузија. Холандија, Португалија.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби