Zaz покажа дека љубовта не може да се изгуби во преводот

Автор: Бојан Бошковски Фото: Дарко Христов

Ж ву ла му! Така некако звучи кога на лош француски јазик македонската публика синоќа го запеа најголемиот хит „Je veux“ на француската популарна пејачка Izabel Zofrua, позната по уметничкото име Zaz.

Освен оваа песна, која стана една од најголемите светски интернет атракции, обожавателите на цел глас и на македонско-француски јазик од почеток до крај ја испеаја и песната „Les passants“, со која шармантната пејачка го започна концертот во преполната Универзална сала во Скопје .

Со несекојдневен глас и неодоливите звуци на шансоната од парискиот Монмартр, Zaz два часа ја воодушевуваше публиката. Таа на македонски јазик им посака добра вечер на своите фанови и им порача: Мораш да се сакаш себеси, за да можеш да ги сакаш другите. Оваа „улична“ уметничка остави неверојатен печат со својата искрена емоција и насмевка.

Неверојатно топлата вечер во преполната сала ја отвори младата македонската група, „7 Oui“.

Инаку Zaz музичкото образование го стекнува во Бордо, каде што за прв пат јавно настапува, а потоа оди во Париз, настапувајќи од Монмартр до париската сала Олимпија.

Публиката ја воодушевува со моќниот глас, а нејзиниот уметнички израз е комбинација од џез до блуз, од француска шансона, до африкански, андалузиски, бразилски и латино музички влијанија.

Овогодинешната голема турнеја на Zaz започна во Франција, продолжи во Јапонија, Белгија, Германија, Украина, Русија, Полска, Турција, Чешка и Швајцарија, по што Zaz доаѓа и во Македонија, а во соседството таа ќе има свој настап и во Бугарија, Србија и Хрватска. Новата Édith Piaf, како што ја нарекуваат во Франција и Америка, во Скопје ја остави публиката без зборови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби