Докажа дека е светска дива: Каролина воодушеви!

Шест концерти еден по друг! По теркот на светските музички ѕвезди, нашата поп кралица Каролина синоќа го започна маратонот со кој прави концертна промоција на својот нов албум „Македонско девојче 2“.

Интимна атмосфера, девет музичари, сцена во стилот на кабаре и преполна сала беа доволни за Каролина цели два часа да не маѓепса со својот глас и емоцијата која успеа да ни ја пренесе. Црни пантолони со висок струк, шешир под кој се криеше бујната коса во ретро стил, кошула во боја на смарагд и неверојатна елеганција – вака едноставно може да ја опишеме нашата најпозната пејачка, која синоќа во голем стил го отвори својот концертен маратон.

Во преполната сала на МОБ синоќа ги слушнавме прекрасните мелодичните звуци на „Вези вези", „Смеј ми се смеј", „Чалгиска", „Две лири", „Кој да ми запее", „Сакам да не те сакам“, „Ќе пијам љубов до крај", „Сон", „Те видов и се заљубив", песни од нејзиниот најнов албум „Македонско девојче 2", зад кој стои Никола Мицевски, кој синоќа и беше десната рака на Каролина свирејќи на пијано и хармоника.

Поп ѕвездата  имаше одлична комуникација со публиката, која заедно со неа ги потпевнуваше песните и ја даруваше со громогласно ракоплескање.

Каролина за само два часа успеа да докаже дека без конкуренција можеби е најдобрата пејачка во државата, бидејќи со само неколку професионални музичари и без ниту еден пратечки вокал,  ги отпеа песните и успеа да ја пренесе целата енергија на публиката.

Инаку, бидејќи се распродадени сите влезници за петте промотивни концерти на Каролина за проектот „Македонско девојче 2“, Авалон продукција одлучи да додаде дополнителен 6-ти концерт во вторник за кој влезниците се веќе во продажба преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби