ексклузивно за ИДИВИДИ од Белград - Нада Вуковиќ и Ивана Витановска

Победа во солзи: Овој момент го чекав цел живот!

Даниел Кајмакоски можеби има трема пред настапите, но е вистински ѕвер кога ќе излезе на сцената.

Неговата моќна изведба во текот на сите настапи и во финалето на X Factor заслужено му го донесе првото место во ова натпреварување. Победата му донесе неизмерна среќа, многу солзи и еуфорија.

-Не ми текнуваат зборови...го чекав овој момент кога мајка ми и татко ми ќе бидат горди...Се чувствувам многу добро..среќен сум, изјави возбудениот Даниел.

Даниел ги изведе „Sex on fire“ од Kings of Lion, „Angels“ од Роби Вилијамс, „Тhe Hardest Thing“ од Тоше, а за крај ја запеа „Red“ со која впрочем и го започна своето настапување во шоуто.

Тамара Милановиќ која влезе во конечниот дуел со Кајмакоски, се задоволи со второто место, додека Маид излезе трет.

При првиот пресек на гласовите од публиката шоуто го напуштија Doktori и Лукијан Ивановиќ.

-Не сум разочаран! По ова за мене започнува вистинската музика, изјави Лукијан и додаде дека тоа што излегол од шоуто не значи дека е помалку важен. За него искуството од X Factor e важна животна школа која многу ќе му помогне во градењето на музичката кариера. Но, сепак призна дека по овие настапи му е потребен одмор, да си ги наполни батериите за да започне со исполнувањето на својот сон.

За разлика од Ивановиќ, Doktori, беа малку тажни бидејќи искрено се надеваа на влез во финалето. Најавија продолжување на соработката со Кристина Ковач и открија дека тие и понатаму ќе останат како група. Нивниот фаворит за победник беше Маид, кој на крајот, сепак го освои третото место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби