Емина Јаховиќ си ја отвори душичката за Илма!

Илма Карахмет и незиното присуството на финалната вечер на X-Factor во Белградска арена беше големо изненадување за сите, а особено за нејзиниот поранешен ментор Кики Лесендриќ на чиј концерт таа воопшто не се појави, но и за Емина со која имаа споделено неколку непријатни зборови и коментари преку социјалните мрежи.

Имено, Илма неодамна беше под огромно медиумско внимание поради караницата со Емина, која со својот глас за Маид беше пресудна што Карахмет излезе од натпреварувањето. Потоа Илма не штедеше зборови и напиша неколку клетви кон Емина. Во финалето, новинарите имаа шанса да ја прашаат Емина за шпекулациите околу односот со младата Илма.

- Јас се сложувам дека Илма и Даниел се подеднакво квалитетни вокали во рангот на светските ѕвезди како што се Селин Дион, Витни Хјустон, но сепак мислам дека таа со нејзините 13 години треба да расте со своите врсници и емотивно да созрее со цел да биде подготвена на сите предизвици кои се пред неа. Оваа работа, за жал, не е само тоа што го гледаме овде, постојат многу одговорности, да се обезбедат материјални можности и да се обезбеди тим на стабилни луѓе. Ние за сите деца и натпреварувачи се грижевме и се боревме. Тие сега ќе бидат препуштени сами на себе и на нив ќе им биде многу тешко да ја продолжат својата кариера. Но, доколку Илма ми се обрати, секако дека ќе бидам тука за неа, како и за сите други - изјавила Емина.

На прашањето дали било пресурово она што и се случило на Илма, Јаховиќ потврдно додаде дека на ваквите натпреварувања не треба да се дозволува да се пријавуваат помлади од 16 години.

- Мене некој да ме прашува би рекла над 16 години, бидејќи милам дека веќе на 16 години можеш емотивно да поднесеш некои работи, а со 13 може да се случи да се срушат соништата и да се создадат некои проблеми подоцна. Меѓутоа, јас не сум одговорна за тие работи, јас сум член на жирито, но сепак си имам право на мое мислење, а продукцијата е онаа која си ги одредува правилата, изјави Емина, која додаде дека е многу горда на Лукијан и дека наскоро тој ќе објави нова песна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби