Кети Пери ја објави и својата четврта песна од албумот „Prism“. Песната се вика „Birthday“, а целото видео е исполнето со вкусни торти и беспрекорни слатки каде што текстот на песната исто така е испишан. На крај се појавува Кети која ги спремала сите сочни благи работи. Таа направила толку привлечни слатки што едноставно ќе ви потечат лиги додека го гледате.
Кети до сега ги објави „Roar“, „Unconditioanlly“ и „Dark Horse“, кои се добро прифатени од публиката, а нивните музички спотови имаат гледаност над милион. На 7 мај, Кети ќе ја започне и својата турнеја за овој албум.