Жешкото видео на Тијана полн погодок или грешка?

Тијана Дапчевиќ минатата недела го промовираше долгоочекуваниот спот за евровизиската песна „To the Sky“ во кој се појавува со многу секси и мускулести момци, а воедно и самата е разголена во када.

-Многу сум задоволна од тоа како изгледа спотот и сите големи познавачи на видео продукцијата кажаа дека вакво парче нема во регионот, изјави Дапчевиќ за време на промоцијата.

Но, дали спотот ќе и се допадне на европската публика?

Wiwibloggs кој ги разгледува предвидувањата и шансите за тоа кој ќе победи на Евровизија 2014, објави дека сексапилното видео на Тијана е помалку неразбирливо во однос на тематиката која што ја обработува, но затоа пак таа изгледа бестрашно и супер секси додека е опкружена со екстремно жешки мажи. Судејќи по коментарите на постот, на повеќето им се допаѓа песната, но не се кој знае колку воодушевени од спотот.

-Дали пропуштив нешто во ова видео? Дали треба да бидат војници или астронаути?

-Кога прв пат ја видов Тијана мислев дека гледам трансексуална изведба. Ова видео ми ја враќа таа помисла, рацете и се многу големи. Во секој случај ми се допаѓа песната. Се надевам дека ќе се пласира високо. Се согласувам дека видеото нема многу логика. Сите брзи кадри и разголените тела ми го оттргнуваат вниманието од песната. Сепак, изгледа секси. Нема да го спомнувам видеото на Полска. Помалку е морничаво. Сите тие гради. Уф!

-Видеово е машка верзија на My Slowanie од Полска, но ова е многу здодевно. Посакувам да имаше повеќе танцување бидејќи песната е интересна. Сепак, нека и е со среќа на Македонија.

-Што мислите дали ќе ги донесе своите војници во Копенхаген?

- ОК е, не танцува многу и уште е неподвижна. Можеме да се справиме со тоа сега за сега. Она што не го сфаќам е нагласувањето на поврзаноста помеѓу војниците и војничките нешта со задоволството и посакувањето. Ја сфаќа хомоеротиката и потребата да и се допадне на геј публиката, но малку навредува тоа што се користи како симбол. Изгледа дека некои луѓе се уште не знаат дека оружјето и војниците изгледаат страшно, а не секси. И покрај сè, со среќа.

Што се однесува до самата песна, оцената на Wiwibloggs е 6,5 од 10.

Според критиките песната можеби нема да се пласира на првото место, но е свеж материјал во однос на повеќето песни со кои досега се преставила Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби