Лана дел Реј конечно објави дел од материјалот, кој ќе се најде на нејзиниот нов албум, Ultraviolence.
Денеска песната „West Coast“ беше прикачена на YouTube, а нејзината премиера ќе се одржи на 18 мај. Песната е типична и со стил препознатлив за Лана, па така нејзините фанови ќе бидат задоволни.
Имeно, пред еден месец се шушкаше дека Лана ќе го објави албумот на 1 мај, но изгледа дека тоа нема да биде официјалната дата на објавување. Се очекува Лана да ја објави точната дата, бидејќи сите сме нестрпливи да слушнеме дали на албумот ќе се најде нешто различно од она што до сега го пееше.