Спектакл кој го „запали“ Скопје

Која е тајната на Били Ајдол за вечната младост?!

Бојан Бoшковски

Легендарниот англиски рокер, Били Ајдол, кој без размислување може да се вброи помеѓу 7-те највлијателни рок музичари во историјата одржа спектакуларен концерт синоќа на Скопското кале, каде неколку илјадната публика во еден глас ги пееше неговите песни.

Иако поминаа 4 години од неговиот последен коцерт во Метрополис арената во Скопје, нам, но и на целата публика која беше дел од синоќешниот спектакл, ни изгледаше како да застанало време. Полн со енергија, растрчан и раскокан по сцената, полугол за општо воодушевување кај жените, расположен и без тронка доказ дека малку подостарел од последната средба со нашата публика, фантастичниот рокер буквално го „запали“ Скопје.

Публиката по неговото излегување на сцената веднаш започна да коментира дека Били Ајдол е модерниот Доријан Греј, бидејќи воопшто не изгледа дека станува збор за 59 годишен маж. Лицето и фризурата како да се замрзнати во времето од пред 20-на години, додека пак мускулестиот стомак и стегнатиот изглед се само дел од целиот пакет кој го добиваме кога го имаме Били Ајдол пред нас на сцената. Кога ќе засвират првите ноти од гитарата на неговиот добар пријател и фантастичен гитарист, Стив Стивенс и ќе заблескаат светлата на бината, знаеме дека по излегувањето на британскиот рокер и отпејувањето на првиот стих од песната, ќе следи вечер која долго ќе ја паметиме.

Синоќа на убавата разеленета ширинка под Скопското кале можеше да се видат најразлични генерации. Од оние носталгичари кои го слушале Били Ајдол додека биле деца, а тоа било времето кога музиката се слушала на плочи и грамафони, па се до тинејџери кои сега го живеат рокенрол сонот и сакаат да биле родени во времето кога рок музиката ја тресеше планетата.

Dancing with Myself, White Wedding, Sweet Sixteen L.A. Woman, Love Like Fire, Rebel Yell беа само некои од песните на кои публиката бурно реагираше, докажувајќи дека тие и понатаму се популарни, иако се созддени во осумдесетитте и деведесетитте години од минатиот век. По два часа пеење Били повторно покажа дека е полн со енергија и дека во иднина можеме да очекуваме повторно да дојде во нашата држава.

Во рамки на фестивалот „Скопје Гори“ настапија и „The Protagonist“ и новата супер група Темпера, музички состав кој е составен од членовите на некогашниот легендарен „Архангел“.

Да се надеваме дека традицијата ќе продолжи и следната година по „Massive Attack“, „Duran Duran“ и Били Ајдол, на „Скопје Гори“, Авалон Продукција ќе донесе уште некој друг влијателен и популарен рок состав.

До следното видување, поздрав!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби