На „Сплитскиот фестивал“ настана вистински скандал, откако хрватската пејачка Лидија Бачиќ е дисквалификувана бидејќи нејзината песна „Krivi čovek“ е плагијат на песната „Pogrešan čovek“ кој ја испеала Тијана Дапчевиќ пред пет години.
На овогодинешниот фестивал, песната на Лидија влезе во првите 26 песни, но со оглед на тоа дека песната мора да биде исклучиво премиерно изведена и да не е испеана на друго место пред фестивалот, песната е дисквалификувана.
- Песната не е плагијат. Миро Муљак ми ја понуди бидејќи сметал дека можам подобро да ја испеам. Не бил задоволен со изведбата на Тијана, изјавила Лидија.
На фестивалот се доделува и награда за најслушана песна од минатогодишниот фестивал. Токму оваа награда ја добила Лидија, но поради дисквалификациите решила воопшто да не се појави и да не ја прими наградата.
Слушнете ги и двете песни од Лидија и Тијана.