„Докторите“ од X-Factor веќе не постојат

Менторката на машката група „Доктори“ дел од музичкото шоу X-Factor веќе се распаднаа. Тие не успеаа да направат ниедна песна, ниту пак да потпишат договор со позната издавачка куќа.

Нивната менторка напорно се трудеше за овие момци најпрво да влезат во финалето, а потоа да им овозможи една солидна кариера. Сепак, по нивна одлука, тие решиле да се распаднат. Токму оваа вест ја сподели Кристина на нејзиниот профил на Facebook.



Драги,

иако знам дека ова ќе предизвика бум по медиумите, чувствувам дека моја обврска е да ве известам дека по повеќемесечниот труд да направам кариера на бендот „Доктори“, а на моја голема жалост, групата „Доктори“ повеќе не постои.

Во мојот труд да им обезбедам шанса за успешна кариера дојдов до понуда на една од водечките светски дискографски куќи (со претставништво во Србија и регионот) за „Доктори“ да потпишат ексклузивен договор за снимање на песни со опција за албум која таа куќа би ги финансирала и би ги третирала како свој бр. 1 приоритет.

На Вам, нивните фанови, ви должам објаснување зашто дојде до распад на бендот.

Еден од членовите го напушти бендот веднаш по завршувањето на X-Factor, без никаква желба за да продолжи понатаму, дури и кога дозна каква шанса има бендот со таа интернационална компанија.

Друг член во еден момент, според мојата проценка и проценка на остатокот од бендот, започна да се однесува во нескладност со фактот дека е дел од бенд, ставајќи ги своите интереси пред интересите на бендот и јас, признавам на основа на досегашното искуство во музиката реков дека повеќе нема да работам со нив.



И покрај сето тоа, дискографската куќа има желба да работи со нив и да пристапи кон разговори и преговори за потпишување на договор со остатокот од групата „Доктори“.

Без оглед на таа среќна околност, трет член од „Доктори“ деновиве ми соопшти дека тоа не му делува како добра идеја, и дека тој ќе се посвети на свои песни и на своја соло кариера.

Јас морам да ви кажам дека сум многу тажна поради сето ова, но и разочарана.

И во својот однос со „Доктори“ и во работата со нив секогаш имав интерес за групата која ми беше на прво место, вложив апсолутен максимум во работата со нив на X-Factor, верував во нив, ги поддржував, одвојував многу време за нив, да ги подготвувам за настапите, искрено многу повеќе од било кој ментор.

Криво ми е што неискуството и некој друг начин на согледување на работите го однесоа приматот над шансите какви се случуваат еднаш во животот. Особено ми е криво за последните двајца членови, кои според моето мислење беа најработливите, највредните, најразбраните и во однос според работата и мене, најкоректни.

На сите нив им посакувам успешни кариери, да не го запостават својот талент, да работат вредно и посветено и да прават паметни потези. И брзо да учат, тоа ќе им биде потребно.

А со некои од нив, верувам дека ќе соработувам со големо задоволство.

Тажната менторка, К
.



Бендот „Доктори“ беше составен од Никола Станојевиќ. Марко Балабановиќ, Урош Туркулов, Армин Маликиќ и Предраг Антиќ.

Нивните фанови буквално ја молат Кристина да собере сили и повторно да ја обедини групата. Сепак, изгледа различните карактери и сопствените интереси не можат да се спојат за добро функционирање на една музичка група. Да се надеваме дека по ова распаѓање, момците ќе успеат да направат успешна соло кариера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби