На MTV музичките награди, кои треба да се одржат при крајот на летото, Бијонсе веќе има осум номинации, кои во главно се должат на нејзиниот нов албум кој беше објавен без претходна најава.
Номинирани за видео на годината се Бијонсе и Џеј Зи за песната „Drunk In Love“, Иги Азалеа и Чарли XCX за „Fancy“, видеото на Сиа за „Chandelier“, хитот „Happy“ на Фарел Вилијамс и „Wrecking Ball“ на Мајли Сајрус.
Исто така, Бијонсе е номинирана и за нејзините видеа за песните „Partition“ и „Pretty Hurts“.
Зад дивата, се наоѓаат Еминем и Иги Азалеа со по седум номинации, додека Сем Смит, Кети Пери, Мајли Сајрус, Лорд и Зед се со по неколку номинации.
Минатогодишните награди ги освоија Џастин Тимберлејк, Макелмор, Рајан Луис и Бруно Марс. Се надеваме дека оваа година жените ќе бидат подоминантни во освојувањето на повеќе награди.