„White explosion” на 2 август во Охрид

Ибица, Бора Бора, Паг, Мајами веќе не се единствени. Журка која што ќе го смести Охрид, рамо до рамо со најголемите party дестинации во светот, на 2 август во сабота, ќе се случи на охридската плажа Немо.



Единствен услов за да бидете дел од оваа најголема забава е дрескод кој што вклучува исклучиво бела гардероба. Експлозијата во бело ќе биде придружувана од танчерки, специјални музички и звучни ефекти, пена парти и многу други летни изненадувања кои што се синоним за исклучителните забави на Ибица или во Мајами.

Списокот на изведувачи на сцена засега вели вака: Dj број 1 или Superstar Dj Sak Noel чиј хит од 2011 „Loca People“ го лансираше на првите места на листите во Белгија, Австрија, Данска, Шпанија и Полска. Sak Noel е шпански продуцент и диџеј и кога станува збор за журки, забави и фестивали тогаш и повеќе од сигурно е дека знае што прави затоа што неговата продукциска куќа ги организира најголемите журки на шпанското поднебје.



Dj број 2: Директно од Њујорк, Sandy Rivera или Кралот на утрешнината. Диџејот чии летни миксови ги препознава светот, на 2 август на охридската плажа Немо од својата летна селекција нема да ги пропушти “Fall for you”, “It’s only you”, ”I can’t stop”... Овој американски продуцент кој што продуцира хаус музика од 1992 година, во Охрид доаѓа со специјална музичка агенда со цел ова прво издание на White explosion да има причина веќе од следната година да прерасне во традиција.



Повеќе од 6 часа, оваа неповторлива журка во бело ќе биде вистинско екстремно доживување. Електронски настан број 1 ова лето. Организаторот најавува изненадување зад пултот. Освен интернационалните диџеј ѕвезди, забавата ќе ја зачини и македонската диџеј поддршка која ионака е најдобро загревање за македонската публика во Охрид.

Влезниците во продажба по експлозивна цена од 250 и 300 денари. Можете да ги најдете во продажната мрежа на Купи Карти За Се, Југотон, цвеќара Розе Веро 2, Камарад – Рамстор како и низ локалните киосци и кафулиња во Охрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби