Момците од U2 конечно ќе ги почастат своите фанови со нов албум, кој според досегашните извори би требало да се вика „Sirens“. Но, она што не е познато е датата на објавување.
Продуцентската куќа која работи со оваа музичка група на нивниот профил на Twitter напиша дека албумот ќе биде готов во септември, па можеби токму тогаш ќе ги дочекаме новите хитови. Сепак оваа објава за брзо време беше избришана и остана прашање дали тоа беше намерна или ненамерна грешка.
Во меѓувреме еден ирски весник тврди дека албумот на U2 ќе се објави во ноември, додека познатиот весник Sun пишува дека момците ќе се вратат за многу брзо.
Албумот „Sirens“ ќе биде првиот албум од 2009 година, односно по албумот „No Line on the Horizon“.