ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ ВЕЧЕРВА НА ПЛАЖА ПАРК ВО ОХРИД!

Бесплатен влез на Грин Бич Фестивал во Охрид!

ВЛЕЗОТ ЗА СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ Е БЕСПЛАТЕН ДО ПОЛНОЌ, А ПО ПОЛНОЌ ЌЕ ЧИНИ 200 ДЕНАРИ

Вечерва на плажата Парк во Охрид ќе се одржи петтото издание на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ, најголемиот музички фестивал во Македонија посветен на електронската музика. Програмата на роденденското издание на фестивалот започнува во 21:00 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен од 20:00 часот и ќе биде БЕСПЛАТЕН за сите посетители до полноќ. По полноќ, влезот на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ ќе чини 200 денари.

По тажната веста дека легендата на андергаунд електронската сцена Дени Тенаглиа го откажува настапот во Македонија поради семејна трагедија, ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ за утрешното издание, покрај веќе претходно најавените артисти, диџеите SABB, Зоки Бејбе и Никифор, ја надополнува прорамата и со нови имиња.

Станува збор за еден од предводниците на британската андерграунд хаус музика, DJ YOUSEF и лондонската техно хаус легенда Mr.C, екс-фронтменот на The Shamen!

Влијателниот диџеј и музички продуцент YOUSEF е новото име кое доаѓа со гаранција за одлична журка на вечерашниот Грин Бич Фестивал. Тој со години е дел од британската андерграунд хаус музичка сцена и предводејќи ги едни од најпознатите клубски журки во Европа, славните „Circus“, за кратко време стана значајно име на хаус жанрот, познат по настапите во најголемите и најлудите ноќни клубови ширум светот кадешто секој пат ги фасцинира фановите. Нови звуци, нов развој и поместување на нови граници; сите тие остануваат клучен дел од неговиот имиџ како еден од водечките андерграунд имиња на хаус музиката.



Покрај него, доаѓа и Richard West ака Mr.C, лондонската техно и хаус легенда, најпознат како фронтмен на славната поп група The Shamen која во раните ’90 години се прослави со бројни хит синглови во британската Топ 10 листа, меѓу кои и двата огромни хитови кои кои беа на врвот на оваа листа, „Move Any Mountain“ и „Ebeneezer Goode“. Зад себе, во својата повеќедецениска кариера Mr.C има бројни диџеј и продукциски изданија, соработки и издавачки етикети, беше сопственик и на легендарниот ноќен клуб „The End“ во Лондон, неговото име е запишано како резидент на низа светски популарни клубови, а изминатата година пред музичката јавност го претстави и својот нов албум „Smell The Coffee“.



ВАЖНА ИНФОРМАЦИ
ЈА за сите кои веќе ги купиле влезниците за фествалот или тоа допрва сакаат да го сторат е дека претпродажбата на влезниците е веќе стопирана, а влезот на фестивалот вечерва до полноќ (00:00 часот) ќе биде бесплатен за сите посетители, додека пак после полноќ влезниците кои ќе се продаваат на билетарата на Грин Бич Фестивал ќе чинат 200 денари.

Оние кои веќе ги купиле своите влезници за Грин Бич Фестивал во претпродажба, при влезот на фестивалот во замена за сумата која ја платиле ќе добијат ваучери за пијалоци во рамки на фестивалот, односно ваучер за пијалоци во вредност од 500 денари до полноќ и ваучер за пијалоци во вредност во 300 денари по полноќ.

Доколку веќе сте купиле карта за Грин Бич Фестивал, но поради откажаниот настап на Дени Тенаглиа сепак нема да присуствувате на фестивалот, почнувајќи од понеделник влезниците ќе можете да ги вратите во продажната мрежа на МК тикетс каде што ќе ви бидат вратени и парите. За оваа можност, дополнителни информации за местата каде што ќе се врши враќањето на билетите, ќе бидат објавени наскоро.

ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ (Green Beach Festival) и плажата Парк во Охрид, вечерва (1. Август 2014) се целосно подготвени за уште едно неверојатно фестивалско доживување и петти пат по ред ја продолжува традицијата како најдобрата летна журка во Македонија посветена исклучиво на електронската музика.

Почетокот на фестивалот е закажан во 21:00 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен од 20:00 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби