„Ноќ во Париз“ на „Охридско лето“

Вљубениците во класичната музика вечерва во рамки на „Охридско лето“ ќе можат да уживаат во тематската „Ноќ во Париз“ во атриумот на црквата „Света Софија“ што ќе им ја доловат уметниците на пијано Габриел Такино и Маурицио Морети, заедно со неповторливиот глас на контратенорот Џанлука Белфиори.

За кариерата на Такино може да се каже дека откако бил поканет од страна на големиот Херберт фон Карајанц да свири со Берлинскиот симфониски оркестар и Филхармонискиот оркестар на миланската „Скала“, на Виенскиот фестивал, таа постојано бележи нагорна линија, овозможувајќи му соработка со повеќе големи оркестри и реномирани диригенти во најпрестижните сали во светот. Габриел Такино е основач и уметнички директор на фестивалот „Лж нуи ду Суке“ (Les Nuits du Suquet) во Кан. Неколку години предавал на Националниот конзерваториум за музика во Париз, а од 2006 до 2008 год. и на Националниот универзитет за уметности во Токио. Се појавува и како член на жири-комисиите на повеќе интернационални натпревари. Освен како солист, Габриел Такино настапува и во камерни состави.

Благодарение на својот уникатен глас и шармот кој го поседува на сцената, Џанлука Белфјори Доро настапувал на голем број значајни фестивали низ светот. Интерпретирал главни улоги во голем број познати дела на Моцарт, Глук, Вивалди, Хендл и други автори. Соработувал со голем број реномирани музичари и режисери. Белфојри во текот на својата кариера развил богата концертна активност со голем број барокни ансамбли и камерни оркестри. Последните неколку години значајна е неговата соработка со Маурицио Морети. На нивниот репертоар се наоѓаат француски и германски соло-песни од Шуберт, Моцарт, Шуман и други.

Маурицио Морети е редовен гостин, речиси, во сите престижни сали во повеќе европски земји. Како еден од најистакнатите претставници на италијанската пијанистичка школа, настапувал со голем број оркестри (Европскиот камерен оркестар, Киевската филхармонија, Прашката филхармонија, Унгарската филхармонија...). Се школувал на Конзерваториумот во Каљари под менторство на Ида Алегрето, а подоцна и под менторство на Алдо Чиколини. Учествувал на големите интернационални музички фестивали во Франција, Австрија, Италија, Шпанија и други, а за неговиот тамошен успех сведочат и неговите повторни настапи следните години на истите фестивали. Моментално работи како уметнички директор на Интернационалниот фестивал за камерна музика во Каљари и како уметнички директор на џез-фестивалот „Енте музикале оф Нуоро“(„Енте Мусицале оф Нуоро“).

На програмата на вечерашниот концерт чиј почеток е закажан за 21 часот се композиции на Равел, Пуланк, Масне, Сати, Мијо и Дебиси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби