Музичко уживање за сите сетила

Виртуози на гитара за прекрасна вечер залиена со чашка вино на Шербеџија

Бојан Бошковски

Летна, но не многу спарна и жешка скопска вечер, интимна атмосфера во импозантен објект стар неколку века и ладен пијалак... Може ли подобро? Да може, само ако за вас вечерта свират двајцата виртуози и браќа по акустична гитара, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.

Прекрасното здание во Старата скопска чаршија, Куршумли Ан, беше претесно за да ги собере сите обожаватели на ова светско гитарско дуо. Повеќе од 1.000 луѓе се стиснаа меѓу себе, седнаа на тревата, камените плочи на земјата, скалите како и ѕидовите на двете нивоа во објектот кој многумина низ историјата оставил без зборови.

Соработката на врвните мајстори на гитара, Стефановски и Тадиќ, трае веќе 4 децении, а зад себе имаат неколку заеднички албуми и концерти, па поради тоа публиката едноставно знаеше дека ова ќе биде вечер која ќе остане длабоко врежана во нивната меморија.

- Јас и Тадиќ не сме свиреле сами заедно во Скопје од нашиот прв концерт некаде во далечната 1998-та година кој се одржа во рамките на Скопскиот џез фестивал. Секој наш заеднички концерт е мал празник за нас. Затоа ве поканувам да уживате во овој празник заедно со мене и Тадиќ. Ние оваа вечер ќе свириме домашни познати теми на наш начин, рече Стефановски.

Македонските староградски песни преработени во актустична верзија од само двајцата виртуози кои со својата хармонија и магично брзите прсти, звучеа фантастично. Не си го продавај Кољо чифликот“,Јовано Јованке“ „Македонско девојче“, „Калеш Анѓо“ како и македонското познато оро „Пајдушко“ беа дел од богатиот репертоар кој синоќа го слушнаа посетителите во Куршумли Ан, кои по секоја нумера отсвирена од двајцата виртуози, грамогласно аплаудираа со целата своја сила.

Влатко Стефановски е еден од највлијателните гитаристи на Балканот, но и композитор кој одлично се снаоѓа на различни полиња, а потврда се неговите композиции, било со Леб и Сол, или пак во текот на соло кариерата, кои станаа хитови. Стефановски е еден од пионирите на фузијата на џез-рок и традиционалната музика од нашите простори. За разлика од него, Тадиќ, музичкото образование го има стекнато во Србија, Италија и во САД, каде и живее во моментов. Според многу критичари, тој е меѓу 30-те највлијателни гитаристи во историјата од сите жанрови во светски рамки.

Оваа своја големина двајцата „гитарски браќа“ до перфекција ја покажаа синоќа. За вечерта да биде совршена се погрижи гостинот, најдобриот актер на Балканот, Раде Шербеџија, кој со чашка добро вино и без микрофон, загрми во прекрасниот стар објект. „Елено ќерко“ важи за една од најубавите македонски староградски песни, која во изведба на овие тројца врни уметници, ги остави без збор сите гости на концертот. Влатко и Мирослав, заедно со Раде, се вратија уште два пати на бис, а публиката едноставно уживаше со сите свои сетила.

Синоќа Скопје заличе светски! На убава атмосфера и неверојатни музичари не можеме да бидеме сведоци секој ден.

Да се надеваме дека Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ повторно ќе дојдат во нашиот главен град и ќе одржат барем неколку по ред интимни концерти, бидејќи и тоа како има публика која ги обожава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби