Бијонсе се расплака, Ники Минаж воодушеви со задникот!

Синоќа беше одржано доделувањето на MTV Video Music наградите, една од најважните ноќи во годината во која се слави музиката.

Од рок изведби до импресивни танчерски движења, имаше многу моменти кои ѕвездите, но и обожавателите сигурно ќе ги паметат.

Иако оваа година таа не се појави на доделувањето, нејзиното видео за „Wrecking Ball“ беше прогласено за најдобро. Сепак, Мајли Сајрус (21) не беше ѕвезда на вечерта.

Таа чест и ја препушти на Бијонси (33) која освои најмногу награди. На доделувањето пејачката доби поддршка од сопругот Џеј Зи (44) и ќеркичката Блу Ајви кои на бината и ја врачија наградата Michael Jackson Video Vanguard Awаrd.



Својата сопруга популарниот рапер ја нарече „најголема жива музичарка“, а Бијонсе на тоа не можеше да ги задржи солзите.

- Многу сум среќна. Ви благодарам. Немам ништо што да кажам, но на сите сум им многу благодарна. Му благодарам на Бога во овој момент. Многу те сакам, и тебе и нашето девојче, им порача Бјонсе на својот сопруг и ќеркичката.



Пред да биде наградена Бијонсе приреди вистинско шоу од 20 минути. Меѓу песните кои ги изведе се и „Drunk in Love“, „Partition“, „Flawless“ и „XO“.


Пејачката беше наградена уште во категориите „Видео со друштвена порака“ за Pretty Hurts и за „Кинематографија“.

Вреден за споменување е и настапот на Ники Минаж која ја покачи температурата во салата со своето екстра жешко тверкање, на кое сите присутни во салата, а особено Рита Ора и завидуваа.



Таа со сите сили се трудеше да го привлече вниманието, и на крај успеа во тоа. Но, сепак не на начин на каков таа посакуваше.

За време на нејзиниот перформанс, Ники имаше проблем со костимот, па едвај го задржа фустанот на себе додека играше и пееше на сцената.

Организаторите на доделувањето на MTV наградите не можеа да ја игнорираат трагичната загуба на големиот актер Робин Вилијамс.


Тие пред блокот на реклами пуштија видео во кое се присетија на неговите најзначајни улоги.

Нина Добрев и Треј Сонгз се потрудија околу претставувањето на наградите, но пејачката имаше мал „гаф“.

Имено, таа The Black Keys ги преименува во „The Black Eyes“. Изгледа дека водителската работа и тежи повеќе отколку што тоа можеме да си го замислиме...

Оваа година најдобар говор не одржа некоја позната личност, туку мистериозниот партнер кој ја дружеше Мајли Сајрус синоќа. Дечкото по име Џеси се појави на сцената и проговори за проблемите со младите бездомници во Лос Анџелес, но и во цела Америка.

- Живеев во склоништа по целиот град, и рече на публиката и додаде дека чистел хотелски соби за да преживее.

За најдобро рок видео, наградата ја понесе Lorde за песната „Royals“, за најдобро женско видео Кети Пери за „Dark Horse“, додека за најдобро поп видео наградата ја зграбија Аријана Гранде и Иги Изалеа за песната „Problem“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби