Неприкосновеното „Бијело Дугме“ за најголем есенски спектакл во Македонија

Најголемиот спектакл оваа есен/зима во Македонија, ќе се случи на 7-ми ноември во салата Борис Трајковски.

По повод 40-години од неприкосновеното “Бијело Дугме”, а во склоп на нивната светска турнеја “КО НЕ ПОЛУДИ, НИЈЕ НОРМАЛАН”, Авалон Продукција ќе биде организатор на големиот славенички концерт на Горан Бреговиќ, придружуван од “Оркестар за свадбе и сахране” и Ален Исламовиќ како специјален гостин.

- Авалон Продукција со задоволство прифати да го работи овој историски проект, поготово ако се земе во предвид дека Скопје беше избегнато, кога пред 9 години се собра “Бијело Дугме” и кога имаше само три концерти во Сараево, Загреб и Белград, велат од Авалон.

На оваа турнеја, за која Брега изјавува дека ќе свират секаде во светот каде има “наши” луѓе, ќе бидат изведени сите најголеми хитови на “Бијело Дугме” од нивните 9 албуми.

”Кад би био Бијело Дугме”, ”Селма”, ”Не спавај мала моја”, ” Пристао сам бићу све што хоће”, ”На задњем седишту мога аута”, ”Ружица си била”, ”Падају звезде”, ”Лоше вино”, ”Битанга и Принцеза”, ”Сањао сам нођас да те немам”, ”Липе цвату”, ”Тако ти је мала моја кад љуби босанац”, ”Хајдемо у планине”, ”Има нека тајна веза”... ова е само дел од репертоарот на најпродаваниот, најнаградуваниот и најслушаниот бенд на целиот Балкан на сите времиња.

Ален Исламовиќ за овој голем спектакл изјавува:

”Многу ми драго што повторно со Горан ќе застанеме на бина како во далечната 1989. Ќе ги свириме и пееме сите најубави песни на “Бијело Дугме” и заедно со нашите фанови да го прославиме 40 годишниот роденден на бендот. Јас како последен пејач на Дугме и тогаш ги пеев сите песни, па можам и денес. Секако тоа ќе бидат концерти полни со многу носталгија, тага и среќа. На концертите ќе не прати “Оркестар за свадбе и сахране” но во еден модерен манир. Сакам да ја искористам оваа прилика и да ги повикам сите генерации да ни се придружат заедно да го прославиме овој голем јубилеј ”.



Сите детали околу продажбата и цената на влезниците за овој голем спектакл, ќе бидат објавени во наредните неколку денови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби