Го „фрли под автобус“: Бев премногу издрогиран за било што!

Се до сега, Робин Тикл во јавноста тврдеше дека заедно со Фарел Вилијамс го напишал најголемиот хит во својата кариера „Blurred Lines “, но очигледно дека тоа не е така. Двајцата популарни музичари во моментов се на суд каде се бранат од обвиненијата дека направиле плагијат на песна од Марвин Геј. Робин сега призна дека тој немал никаква врска со пишувањето на тој хит.

Американските таблоиди открија дека Робин Тикл и Фарел Вилијамс се наоѓаат на суд, каде се обидуваат да докажат дека нивната песна која беше најголем хит минатата година, „Blurred Lines“ не е плагијат на „Got To Give“ од 1977-та на Марвин Геј.

Но, сега, кога пред законот мораат овие двајца го докажат своето авторско дело, Робин Тикл одлучи во право време да признае дека нема никаква врска со создавањето на хитот на кој тој е потпишан заедно со Фарел.

Робин во досегашните интервјуа се фалеше дека тој и Фарел ја напишале песната за половина час, веднаш ја снимиле, а притоа песната на Марвин Геј била само нивна инспирација.

Сега, тој го тврди спротивното со тоа што вели дека тогаш бил на многу силни апчиња за болки и алкохол, токму кога Фарел работел на песната.

- Бев љубоморен и сакав некои права. Покасно се обидов да се уверам дека тоа е и мое дело, а во реалноста Фарел ја напиша целата песна сам, рече Тикл и додаде:

-Бев пијан и на таблети кога дојдов во студиото. Колку што се сеќавам, сакав повеќе да бидам ангажиран отколку што бев во моментот, а девет месеци покасно, песната стана огромен хит и сакав некои права на неа. Всушност, секој ден се будев, пиев Vicodin за да го започнам денот и потоа мешав шише вода со водка. Бев пијан и за време на моите интервјуа минатата година. Сега сум чист два месеца... Кога женати ќе те остави, ти дава добра причина за да се отрезниш, раскажа пејачот на суд, а американските таблоиди откриваат дека тој можеби повеќе не консумира апчиња, но сепак се уште пие алкохол.

Со ова Тикл го „фрли под автобус“ Фарел Вилијамс, кој во моментов е еден од најпопуларните музичари на планетата. Во продолжение слушнете ги и двете песни и заклучете сами дали песната е плагијат или не...

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби