Откако многумина сметаа дека песната „Врне врне“ го расипа летото, Сара Мејс се обиде да ги разубави летните дождливи денови со песната „Само денот да е убав“.
Овој пат, таа повторно освојува со песната „Намбареја“, за која има спот од кој боли глава. Згодната Сара облечена во лежерна облека симулира секс. Токму затоа спотот на песната е забранет за лица под 16 години.
Имено во спотот се појавува и нејзиниот партнер од шоуто „Танц со ѕвездите“, Мишо Спасовски, а зад видеото стои Дарко Мораитов. Музиката е дело на Сара и Ива, зад текстот стои само Сара, а продукцијата и аранжманот ги изработил Роберт Билбилов.