Дури и на пејачот му е преку глава од песната која го прослави

Британскиот поп пејач Џејмс Блант изјавил дека неговиот хит „You are beautiful“, кој во 2005-та година му донесе светска слава, е една здодевна и иритантна песна, пишува Hello.



- Ги удавивме луѓето со таа песна. Здодевна е. Не сакам кога уметникот е поврзуван со зборовите на една песна, изјавил Блант за магазинот.

40-годишниот пејач рекол дека песната го привлекла понежниот пол, заради што изгубил голем дел од машката публика.

- Публиката смета дека сум сериозна и цврста личност, што во реалноста воопшто не сум. Тоа единствено го знаат моите пријатели.



„You are beautiful“ е песна од деби албумот на Блант наречен „Back to Bedlam“, кој е продаден во 11 милиони примероци ширум светот.

Истата песна во 2006-та се наоѓаше на првото место на листата Bilbord Hot 100, а последниот музичар кој го достигна тој успех беше Елтон Џон во 1997-та година. Блант има издадено четири студиски албуми и е добитник на бројни Brit, Gremi и MTV награди.

Да се потсетиме уште еднаш на неговата „здодевна песна“.

Во последно време Блант беше актуелен на плејлистите со неговите хитови Bonfire Heart и Heart To Heart, за кои мора да признаеме дека се одлични.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби