На Даниел му се оствари желбата:

Настап на Евровизија и 20.000 евра во џеб

Синоќа Даниел Кајмакоски ја заокружи најуспешната година во својот живот. Откако победи на најпопуларното регионално натпреварување X-Factor и се стекна со неверојатно голема популарност во Македонија, но и во земјите од поранешна Југославија, тој синоќа триумфираше и на Скопскиот Фестивал што значи дека ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Виена следната година.

Кајмакоски победи со песната „Лисја есенски“ откако освои вкупно 22 поени од телефонското гласање и стручното меѓународно жири во сооднос 50-50. Победата не само што му овозможи светска слава преку настапот на Евровизија, туку најпопуларниот пејач на младата генерација доби и парична награда во износ од 20.000 евра.



Второто место со 20 поени и припадна на Тамара Тодевска која ја отпеа композицијата „Брод што тоне“ и доби 15 илјади евра, додека третопласирана беше Еги со „Да не те сакам“ за која освои 18 поени и 10 илјади евра.

На овогодинешниот Скопски Фестивал кој го водеше актерот Васил Зафирчев беа изведени вкупно 20 композиции од познати македонски пејачи во придружба на ревискиот оркестар на МРТ, како Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Јоце Панов, Александар Тарабунов и Тони Михајловски, Нина Јанева, Мијата...

Инаку јубилејното 60-то издание на Евровизија ќе се одржи во Виена, Австрија. Според најавите од таму полуфиналиња ќе се одржат на 19 и 21 мај, додека финалето е планирано да се одржи на 23 мај 2015 година. Годинава во музичкиот натпревар победи Кончита Вурст со „Rise Like a Phoenix“. Да се надеваме дека Даниел ќе влезе во финалето и ќе го поправи нашиот пласман од минатите години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби