Еден од најпознатите хрватски пејачи, Тони Цетински ја претстваува својата нова песна „Крик“. Во неа се раскажува за еден силен и горделив маж, кој поради своите грешки ја изгубил вистинската љубов и на што се е подготвен да ја врати „онаа“ која што вистински му верувала. „Крик“ е посилна и поболна од било која солза, па дури и машката.
Паралелно со овој нов синг е претставено и видеото кое што е снимено на театарска сцена во кое главните улоги ги имаат членовите на бендот на Цетински: Ален Светопетриќ, Ален Спада, Динко Јанковиќ, Џорџија Палиќ, Марко Лазариќ и Марко Војводиќ.
- Бендот е моето второ семејство па одлучив да им ги претставам на моите фанови, на мојата публиика, изјави Цетински.
Авторка на музиката и текстот е Александра Милутиновиќ и освен оваа песна на новиот албум на Цетински ќе се појават вкупно четири нејзини песни.
- Драго ми е што Тони ми верува и што ја продолжуваме успешната соработка која започна со неговиот албум „Опет си победила“. Инспирација за моите песни секогаш наоѓам во љубовта. Без оглед на тоа дали ми се случила на мене или на некој од моите пријатели, љубовта е неисцрпна тема за стихови. Не се сомневам дека со вокалот на Тони оваа песна ќе звучи сјајно и ќе ја носи публиката низ неговите концерти во регионот, изјави Александра Милутиновиќ.
Инаку како режисери на спотот се потпишуваат Тони и неговата тазе сопруга Дубравка. „Крик“ ќе се најде и на репертоарот на скопскиот концерт на Цетински закажан за 28 ноември во спортскиот центар Борис Трајковски.