Вжештена атмосфера на Американските музички награди

Синоќа дефинитивно беше една од најжешките ноќи во Лос Анџелес, со оглед на тоа дека таму се одржуваа Американските музички награди. Домаќин на шоуто беше Питбул кој ги забавуваше гостите, што едвај чекаа да ги видат настапите на Џенифер Лопез, Тејлор, Лорде и многу други музичари.



Она што беше мошно интересно е тоа што речиси секој настап беше различен од претходниот, а женските изведувачи како да се натпреваруваа меѓусебно кој ќе има подобар и поразголен костум за време на настапот.

Тејлор го отвори шоуто изведувајќи ја нејзината нова песна „Blank Space“, при тоа глумејќи љубоморна ку*ка кршејќи, бркајќи мажи и на крај буквално ја запали бината.



Лорде исто така направи мошне возбудлива атмосфера со настапот на песната „Yellow Flicker Beat“, односно песната за филмот The Hunger Games: Mockingjay. Единствено таа беше прибрана и облечена сосема едноставно за време на настапот. Нејзината многу добра пријателка, Тејлор, едноставно не можеше да престане да игра во публиката додека го гледаше нејзиниот настап.



Во последно време, Ариана Гранде знае како да го истакне и физичкиот изглед и нејзиниот талент. Облечена во интересен црн фустан од тантела таа се фокусираше на нејзиниот ангелски глас изведувајќи ги „Problem“, „Break Free“ и „Love Me Harder“ заедно со групата Weekend.



И додека сите се загреваа со возбудливите настапи, се појави Селена Гомез, која почна да плаче на песната „The Heart Wants What It Wants“. Можеби ова е веќе видено на минатогодишните награди кога Мајли Сајрус почна да плаче на сцена, па сите помислија дека таа плаче за нејзиното долгогодишно момче и вереник Лиам, па така и сега сите нагодуваат дека Селена плачела за Џастин Бибер. Како и да е, ние го пофалуваме нејзиниот изглед, бидејќи навистина изгледаше како една светска изведувачка која настапува на Оскарите.



Џош Духамел беше мошне горд најавувајќи го настапот на својата сопруга Ферги. Таа ја презентираше нејзината нова песна „LA Love“, но за жал имаше неколку проблеми со нејзиниот аутфит.



Исто така, Џеси Џеј ги разигра сите гости, претворајќи го шоуто во едно танц шоу. Успеа да ги разигра задниците на Клои Кардашијан, Тејлор, Лорде и многу други, благодарение на нејзината песна „Bang Bang“.



И како подобро да се затвори шоуто, освен со жешкиот хит „Booty“ изведен од уште пожешките Џенифер Лопез и Иги Азалеа. Тие двете беа неверојатно секси, тресејќи ги сочните задници! Имено, Иги ги украде и наградите за најдобар хип хоп артист и албум, оставајќи ги зад себе Дрејк и Еминем. Со тоа буквално му ја затна устата на Еминем кој во неговата последна песна рапуваше дека ќе ја силува Иги.



Кој друг си замина со награда?

Арист на годината: One Direction
Дебитант на годината: 5 Seconds of Summer
Песна на годината: Кети Пери и Juicy J, "Dark Horse"
Поп рок женски изведувач: Кети Пери
Поп рок машки изведувач: Сем Смит
Поп рок бенд, дуо или група: One Direction
Поп рок албум: One Direction, "Midnight Melodies"
Канти женски изведувач: Кери Андервуд
Кантри машки изведувач: Лук Брајн
Кантри бенд, дуо или група: Florida Georgia Line
Кантри албум: Брантли Гилберг, "Just As I Am"
Рап/хип-хоп изведувач: Иги Азалеа
Рап/хип-хоп албум: Иги Азалеа, "The New Classic"
Соул/R&B женски изведувач: Бијонсе
Соул/R&B машки изведувач: Џон Леџенд
Соул/R&B албум: Бијонсе, "Beyonce"
Латински изведувач: Енрике Иглесиас
Алтернативен рок: Imagine Dragons
Современик: Кети Пери
Инспиративен: Casting Crowns
Електронска денс музика: Келвин Харис
Саундтрак: "Frozen"
Dick Clark Award of Excellence: Тејлор Свифт



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби