Македонската публика го направи најдобриот избор

Уште една успешна година за македонската музика и за домашните изведувачи.

Седмото издание на Македонскиот радиски фестивал ги додели наградите за најслушани песни и интерпретатори во измината година. Од она што можевме да го видиме вчера вечер во Универзалната сала, македонската публика уште еднаш го направи најдобриот избор.

Тамара Тодевска и нејзината „Тажна љубов, среќна песна“ ја однесоа наградата за Апсолутен радиски хит за 2014-та.

Пејачката доби 60.000 денари како и бесплатно користење на Универзална сала за солистички концерт. Песната беше наградена и во категоријата најдобар текст, награда која му припадна на Игор Џамбазов.

„Мандарина“ на Влатко Лозаноски е прогласена за Радиски хит според публиката, за што Лозано доби парична награда од 30.000 денари.

Вечерта помина во добро  расположение благодарение на одличните настапи како и на спонтаните моменти кои што се случуваа на сцената. Хрватската ѕвезда, Нина Бадриќ, имаше симпатична изведба заедно со детенце од публиката, додека црногорскиот пејач Бојан Маровиќ понесен од емоциите клекна на колена.

Даниел Кајмакоски сосема заслужено ја доби наградата за Идол на нацијата, по што ја изведе „Лисја есенски“, победничката песна со која што ќе не преставува на Евровизија.

Сосема за крај, тој и Бадриќ, во дует ја запеаја „Jedan od mnogih“ од Оливер Драгоевиќ. По завршувањето на фестивалот во Универзалната сала, забавата продолжи во ноќниот клуб „Театро“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби