Нокаут со unplagged концерт во универзална сала

Годинава беше особено значајна за Нокаут. Покрај тоа што оженивме дури тројца членови од бендот, а еден стана и татко, го издадовме и нашиот трет студиски албум "ТРИ". А, најдобар начин да ја заокружиме оваа успешна година е тие емоции да ги споделиме со нашите фанови на еден голем концерт.



Овој пат се одлучивме за поинтимна средба - unplugged концерт во Универзалната сала, кој ќе се одржи на 17 декември во 20.00 часот.

И овој пат вокална поддршка ќе добиеме од нашите драги соработници Игор Џамбазов и Владимир Поп Христов - Мио. Но, гостинската екипа сега добива и засилување, а тоа се легендите на македонската рок сцена - LAST EXPEDITION, како и нашиот хип хоп организам Тони Зен.



Вам ви останува уште малку време да ги сублимирате вашите емоции и да дојдете заедно да креираме музички паралелен универзум.

Картите ќе бидат пуштени во продажба од 1-ви декември, а ќе можат да се набават во туристичката агенција odmorise.mk, во продажната мрежа на mktickets.mk и на билетарата на Универзална сала. Напомена: картите се во ограничен број!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби