Како се простија познатите музичари од Кемал Монтено?

За жал, вчера не погоди веста дека една легендарна музичка ѕвезда веќе не е со нас. Веста за смртта на Кемал Монтено особено ги погоди неговите колеги, со кои соработуваше. Тој не ја доби битката со болеста, но неговите песни направија да се сеќаваме на него вечно.



За време на неговата кариера, соработуваше со бројни музички имиња како што се Арсен Дедиќ, Дино Мерлин, Здравко Чолич, Оливер Драгоевиќ, Тереза Кесовија и многу други.

- Целосно сум шокиран од веста. Иако беше болен, секогаш се враќаше и мислевме дека таков човек ќе ги преброди сите проблеми кои ги имаше. Кемо беше еден од хероите на мојата младост, огромен кантавтор... Цела музичка сцена и поп култура изгуби еден голем Кемо, изјавил Дино Мерлин.

Здравко Чолич и Нина Бадрич се опростија со Кемал преку социјалните мрежи, објавувајќи негови хитови.

Северина се поздрави од Кемо, објавувајќи заедничка слика со порака: Кога бев мала, го галев телевизорот кога го гледав Кемал Монтено и и кажував на мајка ми: Ова е многу добар човек...Напиша песна преку која се враќав во живот по неколку тешки ситуации... Имав среќа неколку пати да запеам со него, а многупати и да седнам со него и да умирам од смеа. Многу го сакав, а и тој мене.. Замина мојот добар човек, таму каде што расте зелена трева и каде што небото е сино. Многу сум тажна, срцето ми пука. Почивај во песна.

Исто така и Тони Цетински, Даниела Мартиновиќ, Жељко Бебек и Јелена Розга ја искажаа својата почит кон великанот.

Тереза Кесовија на својот профил на Facebook објави снимка од нивно заедничко интервју со порака: Сега кога веќе го нема.



Неговиот колега и голем другар Оливер Драгоевиќ, се поздрави со Кемо со зборови од нивниот дуел, хит кој сите го сакавме.


Почивај во мир, великану!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби