Секси Русинката која неодамна ја прекина долго годишната врска со Кристијано Роналдо, се најде во љубовен триаголник меѓу двајца мажи. Не се ни сомневаме во нејзините квалитети, а се гледа дека прекинувањето на врската не и сметало во нејзината работа.
Ирина заблеска во спотот за шпанската песна „Yo Tambien“ во која во дует пеат Марк Ентони, поранешниот сопруг на Џенифер Лопез и раперот Ромео Сантос. Иако таа делува неуверливо во нејзината улога како келнерка, сепак улогите како девојка на мафијаш и љубовница на детектив, навистина добро и прилегаат.