Која е Лена - девојчето со моќeн глас што го распали цел Балкан?

Во тек е емисијата „Pinkove zvezdice“, која почна со емитување во Србија минатата година, а веќе од овој месец почна да се емитува и на нашите телевизии. Се работи за откривање на таленти кај деца не постари од 16 години. До сега настапија безброј деца, а 10 годишната Лена Стаменковиќ остави неверојатен впечаток.



Имено, Лена за прв пат се претстави на шоуто со песната „Ako je vredilo išta“ од VANNA и буквално распали на сцена. Песната ја испеа многу подобро од оригиналот, а нејзината енергија ја почувствувавме дури и ние на малите екрани. Девојчето е толку слободно што со право би кажале дека е родена за на сцена.



Од овој нејзин настап сите беа воодушевени, а особено жирито, чии реакции можете да ги видете на видеото. Лена признала дека по завршувањето на емисијата, Хари Мата Хари и побарал автограм.

- Реакциите беа одлични. Се уште не сме свесни дека стануваме популарни. Полека се будиме. Сите не бараат, нашите пријатели, роднини па дури и од странство. Просто сме импресионирани од реакциите на сите луѓе по емитувањето на емисијата. Во позитивен шок сме. Хари Мата Хари остави големо влијание врз мене. По снимањето на емисијата ми побара автограм. И кажав на мајка ми: Мамо, па јас сега научив да пишувам, што е тоа автограм?, низ смеа раскажувала малата Лена.

Имено, таа уште од мала почнала да се занимава со пеење. На 6-годишна возраст одела во хор, а настапувала и во арената и во Сава центарот. Освен пеењето, Лена прекрасно свири и на клавир.

- Лена самата си ја бира музиката и песните кои ги слуша и кои ќе ги пее. Од мали нозе покажа интерес за музиката и се гледа дека има талент. Јас бев нејзин прв учител, трудејќи се да ја запознам со светот на музиката и да ја упатам во разни жанрови. Лена за нас дома не е чудо. Таа е само една мала талентирана девојка која мора да работи на себе, изјавил таткото на Лена, Милан.



Откако помина во првиот круг, каде што жирито и побара да ја испее песната „Feeling Good“, освен онаа која ја пееше, Лена настапи во вториот круг со песната „Bonito“, во која можеби имала трема како што објаснуваат членовите на жирито. Токму поради тоа ја советуваа да се опушти и да се однесува како да е на најдобрата журка.

Откако помина и во овој круг, за следна песна ја одбра „I Surrender“ од Селин Дион, со која докажа дека може многу повеќе да даде од себе. Буквално целосно се предаде на песната, ја испеа така совршено и мошне добро владееше на сцената. Пола од членовите на жирито пуштија солзи, а веруваме и дека многу повеќе луѓе кои ја гледаа се расплакале.

За овој настап Хари и кажа дека не знае кој друг може да ја испее оваа песна на начин на кој таа ја испеа, додека Јелена Томашевиќ и заблагодари од името на цела нација што решила да се пријави на ова шоу. Таа откри дека на следниот настап ќе ја пее песната „Zamisli“ од Леонтина, која е дел од жирито.

Несомнено, 10-годишното девојче го очекува неверојатна кариера, која сигурно ќе се прошири во светски рамки. Наше е да стискаме палци за понатаму, а нејзино е да продолжи да не воодушевува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби