ПУБЛИКАТА ОСТАНА МАЃЕПСАНА

Имаше многу жени, но Владо Георгиев пееше само за една?!

текст: Б.Б. фото: С.Ш.

Романтика или вино? Сепак, на крај излезе дека овие две работи одат заедно, секако ако на сето ова го додадеме шармантниот Владо Георгиев. Тој токму на денот на виното, Св. Трифун, но и на денот на вљубените и љубовта Св. Валентајн одржа тричасовен концерт во Скопје во преполната арена Борис Трајковски.

Очигледно, македонската публика имала зошто да чека цели 10 години на овој концерт, бидејќи овој популарен српски пејач, кој важи за најпосакуваните ергени на Балканот, беше еден од неколкуте пејачи од регионот кој немаше долго дојдено и покрај тоа што има илјадници фанови во нашата држава.

Владо, кој во своето ексклузивно интервју за Идивиди, неодамна изјави дека турбо-фолкот е едно големо зло, на прекрасен начин покажа што значи квалитетна музика. Целата организација на концертот беше за пофалба, бидејќи беше скоро идентичен на оној од Белградска арена, а секако треба да се пофали и озвучувањето, но и визуелните ефекти кои беа доведени до совршенство, а за тоа беше виновен самиот Георгиев и неговата Барба продукција.



Во арената во која преовладуваше женскиот пол, уште половина час пред настапот можеше да се почувствува големото исчекување на сцената да излезе човекот, кој потекнува од Херцег Нови, но живее 20 години во Белград да излезе и да го започне „патувањето“ низ својата богата музичка кариера. Иако веќе добро оди кон 39-та година од животот, Владо, облечен во елегантно црно сако, само по неколку секунди откако се појави на сцената и се уште ја немаше ниту започната првата своја песна, ги шармираше жените во публиката. Потоа веќе сè беше лесно, вљубените парови играа, жените пееја и мавтаа со рацете за барем на секунда да го привлечат окото на „балканскиот фраер“, додека пак слободните мажи желно исчекуваа некој љубовен рефрен за да и се пуштат на девојката која им се допаднала во публиката. Тој најпрвин го честиташе празникот „Св. Трифун“ бидејќи и самиот откри дека тој го слави овој празник, но не го занемари и заљубените, па покасно го честиташе и „св. Валентин“.

Неговите песни се редеа една по друга, а репертоарот беше едноставно совршен. Георгиев не ги заборави своите стари хитови како „Šta bi prijatelji moji“, „Lažljiva“, „Zbogom ljubavi“, „Navika“, „Bolesni od ljubavi“, „Žena bez imena“, „Živim da te nađem“, „Anđelе“, „Jedina“…, но тука беа и новите песни од последниот албум „Djevojka za dva minuta“, „Ako mi loše krene“, „Iskreno“.... кои направија вечерта да биде совршена, а енергијата кој успеа да ја пренесе создаде волшебно чувство на целина и уживање.

Шармерот секако додека пееше не заборави да им обрне внимание на жените, па така освен на сексапилните танчерки по кои машкиот дел од публиката „полуде“ и постојаните насмевки и погледи кон припадничките на понежниот пол, Владо покрај русокосите преку неговите песни ги поздрави и црнокосите девојки, за кој рече дека ги има многу повеќе во Скопје.

Сепак, мистерија ќе остане девојката која стоеше на оградата од трибината, на која тој и прати неколкупати бакнежи, па дури и ја поздрави. Најголема еуфорија се направи на песната „Tropski bar“, која Георгиев ја отпеа со еден од членовите на својот бенд и заедно тропаа на барското столче.

Дека го бива за романтика докажа и со една отпеана песна на италијански јазик, за кој многумина светски експерти велат дека е најромантичниот јазик на планетата.



По завршувањето на тричасовниот концерт на излегувањето од арената „Борис Трајковски“ можеа да се видат многу насмеани и вљубени лица како заедно со својот партнер под раката и потпевнувајќи некој рефрен од својата омилена песна си заминаа во ноќта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби