Skopje Dance Festival со огромно задоволство ви го најавува гостувањето на пионерите на електронската музика Ави Нисим и Лиор Перлмутер со нивниот легендарен проект Astral Projection!
Настанот во Скопје, кој ќе се одржи на 7-ми март во СЦ Борис Трајковски, е дел од светската турнеја на кој ќе биде промовиран нивниот најнов студиски албум издаден неодамна за TIP Records.
Подгответе се за уште едно големо денсфлор доживување!
За повеќе информации за настанот кликнете тука.