Кралицата на попот најави голема светска турнеја, „Rebel Heart“, на која ќе тргне при крајот на летото, за да го промовира нејзиниот најнов 13 студиски албум. Турнејата ќе започне на 29 август и тоа во Мајами, а потоа ќе следуваат 34 настапи во арените ширум Северна Америка и Европа. За последен на листата се најде Глазгов и тоа на 20 декември.
Како што најавиле организаторите, картите ќе почнат да се продаваат од средината на март. Популарната пејачка наскоро би требало да ги соопшти и дестинациите за Азија и Австралија, каде што ќе настапува прв пат по две децении. За жал Мадона нема да се појави на Балканот, но затоа можете да си организирате патување во Германија, Австрија, Шведска, Данска, Шпанија, Франција или Англија и да посетите некој од нејзините концерти.