24 години подоцна правдата ќе биде задоволена

Во 1991 година, на сцената на македонскиот реномиран фестивал, Фолк Фест Валандово, Ана Бекута испеа песна со наслов „Стариот Џумбушлија“. Никој не претпоставуваше дека оваа песна ќе влезе во македонската музичка историја. И цели две децении подоцна, ќе биде една од најслушаните но и најизведуваните македонски песни. Ана Бекута од тој фестивал си замина без награда, но годината што следуваше, до следниот Валандовски фестивал, на Бекута и ја донесе можеби најпрестижната награда, најслушана песна помеѓу двата фестивали. И оваа награда не стигна до рацете на Ана Бекута. Војната на овие простори им ги помати сметките на организаторите.

Денес, 24 години подоцна, правдата ќе биде задоволена. Уметничкиот директор на Фолк Фест Валандово, Орце Гелевски, на концертот кој што ќе се случи во сабота на 14 март, во спортскиот центар Борис Трајковски ќе и ја врачи на Ана одмна заслужената награда. Не е исклучена можноста, Ана со помош на публиката во Борис Трајковски, да не потсети на изведбата од 1991 година.

Инаку на концертот, освен Ана Бекута ќе настапат и Шабан Шаулиќ и Саша Матиќ. Македонецот пак, кој со право го носи епитетот фаворит во Ѕвездите на Гранд, Ален Хасановиќ, ќе ја загрее публиката и ќе ја подготви сцената за ѕвездите од Србија. Сите нив, ќе ги придружува најпопуларниот оркестар во моментов во Србија, оркестарот на Аца Софронијевиќ.

Поради бројот на публиката која што се очекува да присуствува на концертот во Борис Трајковски, организаторот Балкан Медија, најави дека вратите ќе бидат отворени од 19 часот, а првите 2.000 фанови кои што ќе влезат во сала, ќе добијат подарок двд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби