Марија од Битола го заведе жирито на X-Factor со својот сексапил и глас

Втората епизода од музичкото реално шоу X-Factor Adria, ја прикажа шареноликоста на талентот од целиот регион, но ја откри и склоноста на жирито кон одреден вид на музика.

Пред Жељко Јоксимовиќ, Масимо Савиќ, Александра Ковач и Тончи Хуљич се најде тешка задача, да одлучат кој ќе помине понатаму во шоуто помеѓу големиот број на пријавени пејачи и пејачки.

- Увери ме во тоа што сакаш да ми го кажеш уште на почетокот, изјави Масимо и така им даде до знаење на кандидатите дека му е најбитна искрената и квалитетната интерпретација на песната.

И во втората епизода на сцената застана талентиран кандидат од Македонија. Имено, синоќа се претстави битолчанката Марија Груеска која веднаш ги освои симпатиите на жирито и публиката.

Марија освен тоа што најпрво фасцинираше со својот заводнички изглед, таа ги остави без збор познатите пејачи од жирито откако испеа песна од филмот „Who framed Roger Rabbit“.

- Иако сакам мажи, морам да признам дека и тоа како добро ме заведе, рече Александра по настапот на Марија.



Марија го оживеа џезот на сцената и одлично ја испеа песната. Таа од сите доби позитивни коментари, а Тончи сепак додаде дека му е жал кога некој го расипува својот пејачки талент пеејќи џез бидејќи од тоа никогаш нема да има леб.



Впечатлив беше и кандидатот кој е роден во Конго, Џонатан, кој успеа да го разигра жирито и на сцената ги оживеа своите звуци од родната земја. Иако помина на сметка на шармот, вети дека следниот пат ќе пее на српски бидејќи ужива во Србија и таму добро си поминува.

Голема прашина се крена околу младиот загрепски учител – под уметничко име Леоне Павлашиан кој настапи облечен во женска облека во стилот на Лејди Гага. Тој до крајот на настапот се соблече и остана само во ланци. Александра беше толку воодушевена од неговиот настап па дури му отпеа и песна. Тончи не го делеше нејзиното воодушевување и неговиот настап го искоментира дека за него било само пауза помеѓу кандидатите кои знаат да пеат.



Седумнаесетгодишната Ива Чуриќ ја затвори втората епизода од шоуто и воодушеви со изведбата. Жирито коментираше дека можат да ја слушаат со часови. Масимо ја советуваше да поработи на гитарата, додека вокалот е перфектен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби