Даниел Кајмакоски, нашиот претставник на овогодинешната Евровизија е мошне популарен меѓу екипите кои моментално се наоѓаат во Виена. Тој постојано се дружи со претставниците од нашите соседни земји, но и собира симпатии кај останатите претставници.
По викендот во Амстердам, каде што за прв пат ја испеа „Autumn Leaves“, претставниците се упатија кон Виена, каде новинарската екипа од Ирска успеа да му направи интервју.
Како што можевте да забележите, Даниел е во одлично расположение и речиси е сигурен дека ќе си овозможи пласман во финалната вечер. Исто така, тој ги потсетува своите фанови да конкурираат на натпреварот со цел да добијат бесплатен пат до Виена за да го бодрат токму него и да учествуваат на ова шоу.
Утре, сите 24 претставници се упатуваат кон Москва каде што ќе ја продолжат евровизиската промо-турнеја, а потоа ќе се вратат назад за да се подготвуваат за настапите. Даниел откри дека ќе настапи 8-ми по ред, на 19 мај, односно на првата полуфинална вечер. Следете го постојано на неговите профили на
Facebook,
Instagram и
Twitter, на официјалната
веб-страна и на неговиот
блог.