Евровизиската бина во облик на око

Визијата на 60-тата Евровизија, која би требало да ја видат милијарди луѓе, ќе биде прикажана со едно огромно око. Многубројните столбови кои симболично ги претставуваат сите нации, кои учествуваат градат една целина и формираат огромно око, кое доминира во просторот. Тоа око е всушност мост меѓу уметниците, нивните делегации и гледачите низ светот.



За овој изглед на бината бил заслужен креативниот тим чии членови се Флоријан Видер, кој до сега осмислувал концепти на бини за многу познати манифестации и светски ѕвезди како што се Бијонсе, Џенифер Лопез, U2, потоа Ал Гурдон, еден од најголемите дизајнери за осветлување на светот кој веќе работел на Евросонгот во Москва и режисерот Курт Понграц, кој го осмислил победничкиот перформанс на Кончита Вурст минатата година.



Бината се состои од 1.288 поединечни столбови, широка е 44 метри, висока 14 метри и долга 22 метри. Столбовите на предната страна се обложени со LED екрани и може да произведат разни светлосни ефекти. Токму на оваа бина ќе настапуваат сите учесници, меѓу кои и нашиот Даниел кој ќе настапи на првата полу-финална вечер на 19 мај со песната „Autumn Leaves“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби