ВИДЕО: Давид од Скопје ја расплака Ковач, а Алмир и Боби воодушевија на X-Factor

Давид од Скопје успеа со својот настап на синоќешната емисија на X-Factor Adria да ја расплаче Александра Ковач изведувајќи ја нумерата на нашиот најдобар пејач, покојниот Тоше Проески, „Тајно Моја“.

Александра, Жељко, Тончи и Масимо се сложија да бидат благи на аудициите на X-Factor, па сега во следниот стадиум од шоуто, т.н. boot camp (регрутен камп) мораат да бидат малку поригорозни. Тие велат дека премногу луѓе поминале, па поради тоа дошло време да останат само најдобрите од најдобрите.

Судиите синоќа станаа ментори и мораат да одберат натпреварувачи кои ќе ги носат понатаму. Единствената дама Александра Ковач ги доби момчињата Тончи Хуљиќ ги доби групите, Масимо Савиќ постарите од 27 години, Жељко Јоксимовиќ девојките.

Секој ментор има шест столчиња и мора да одбере кои шест натпреварувачи ќе останат да седат на нив, а тоа значи дека тие одат и понатаму. Прва на ред дојде Александра Ковач која имаше многу тешка задача кога станува збор за нејзината група на машки натпреварувачи.

Се нижеа кандидатите, но само шестмина успеаја да изборат пласман во наредната фаза на натпреварување, а дека навистина беше напнато говори и фактот дека Давид од Скопје е првиот кандидат кој успеа да ја расплаче Александра.



Алмир Исмаили пак од Скопје повторно успеа да ги вџаши судиите со својот прекрасен глас откако ја испеја песната од Џастин Тимберлејк „What goes around comes around“.

Боби од Охрид успеа сите да ги остави со подзинати усти по одличната изведба на „Carrie“ од шведската група Јуроп.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби