Започна евровизиската треска

Синоќа се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија, во Виена, Австрија. Шоуто го отвори Кончита исполнувајќи ја минатогодишната победничка песна на Евровизија, а воедно беше и водител во сината соба, каде што беа сместени сите претставници.



Мора да признаеме дека беше возбудлива вечер, која на крај ни донесе разочарување. За жал, нашиот Даниел, иако одлично прифатен во Виена, не успеа да се пласира во финалето.



Ние не бевме единствената нација која се разочара. На големо изненадување, Данска, која три пати победувала на овој натпревар, не влезе во финале, но затоа Русија и Естонија се најголеми фаворити од оваа прва вечер. Токму најголемите облози паѓаат за Русинката Полина Гагарина дека ќе победи на овогодинешната Евровизија.



Нашиот јужен сосед успеа да влезе заедно со Албанија, кои ќе настапат во втората половина од финалната вечер. Исто така за финале се изборија и Арменија, Романија, Унгарија, Естонија, Грузија, Белгија и на наше огромно задоволство, Србија.


Елхаида Дани, Албанија


Марија Елена Курјакоу, Грција


Елина Борн и Стиг Паеста, Естонија

Српската Адел како што многумина ја нарекуваат, буквално растури на синоќешната сцена. Бојана ги покажа своите гласовни способности, а одлична беше и песната особено на крајот со брзиот ритам.


Бојана Стаменов, Србија



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби