понеделник, 10.03.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

ФОРМУЛА 1
Што се се промени за 2008?
ЗА ЕДНА НЕДЕЛА СТАРТУВА НОВАТА ФОРМУЛА 1 СЕЗОНА

Формула 1 сезоната стартува во Мелбурн на 16 март, а возачите се прилагодуваат на болиди без контрола на триење и некои нови правила. Какви се промените?

СТАНДАРДНА ЕЛЕКТРОНИКА

Сите болиди во 2008 ќе имаат стандарден електронски контролен уред (ЕЦУ) кој ќе го контролира моторот, менувачот и е дизајниран од Мекларен Електроник Системс и Мајкрософт по спецификации на ФИА.

Воведувањето на овој уред, кој собира податоци од повеќе од 100 сензори на болидот, дозволува на ФИА да ја забрани “контролата на триењето” и другите таканаречени помагала на возачот. Од Рено предвидуваат дека со губењето на овие системи, кои посебно помагаат при лизгавите патеки, ќе ги чини 0.4 секунди по круг.

Некои тимови, како Ферари и Рено, сметаа дека Мекларен ќе има предност пред останатите бидејќи се креатори на системот.

Возачите од друга страна се загрижени од безбедноста за возење без контрола на триењето на влажно, додека беа задоволни на тоа што сега Ф1 е спорт во кој индивидувалните способности ќе бидат повеќе на цена и може да има повеќе претекнување.

ПРОМЕНИ НА МОТОРИТЕ

На возачите им е дозволено едно “слободно” менување на моторот во болидот без нормалната казна од 10 места на стартот. Ова мора да биде прва промена на моторот во сезоната и мора да биде резултат на откажување на мотор, а не да се прави од тактички промени. Моторите се уште треба да траат две трки.

ЗАШТИТА НА ГЛАВАТА

Возачите добиваат зголемена заштита од ударите од страна во главата со повисока заштита во кокпитот. Оваа промена доаѓа по минатогодишното Австралиско ГП, кога Дејвид Култхард со Ред Бул помина над болидот на Алекс Вурц (Вилијамс).

БИО-ГОРИВО

Минимум 5.75% од горивото во болидите мора да биде ревидирано од биолошки извори.

РЕЗЕРВНИ БОЛИДИ

Сите тимови можат да имаат само два болиди во секој момент од ГП трката. Ова значи дека сега нема да има резервни болиди во гаражите.

МЕНУВАЧИ

Менувачите сега ќе мораат да траат четири тркачки викенди. Сите промени носат казна од 5 места на стартот.

КВАЛИФИКАЦИИ

Додавањето гориво не е дозволено помеѓу крајот на квалификациите и стартот на ГП трката, што значи дека првото влегување во боксот на трките ќе биде многу рано. Првите квалификации ќе траат 20 минути, вторите 15, а последната фаза со 10 болиди е скратена на 10 минути. Со ова нема да се “гори” гориво како минатата сезона.


Што се се промени за 2008?
Лука не се “смирил” со Мекларен
Вилијамс ја претстави шасијата за 2008
Денис заминува оваа недела?
Хамилтон може да биде шампион
Проблеми за Хамилтон
“Ферари се посилни оваа година”
„Рено нема шанси“
“Флавио е вљубен во Алонсо”
Расисти против Хамилтон?
Хонда се надева на нов старт со РА108
Хамилтон “удри” по Алонсо
Алонсо очекува многу во Рено
Мекларен го задржаа Хамилтон до 2012
Алонсо повторно возеше Рено
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Траен налог
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи