
|
 |
Спорт / Формула 1
Ф1 битката започна Кими, Фернандо и Луис одговараа на прашања
Откако беа на првите три места во сезоната 2007, Кими Раиконен Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо одговараа на прашања на првата прес-конференција пред новата сезона.
- Фернандо пред сите. Повторно се Рено. Колку различно е од минатиот пат кога беше таму?
Фернандо Алонсо: Навистина не многу различно. Техничката група е сосема иста, повеќето од механичарите исто така.
- По се што се случи минатата година, дали мислиш дека Рено загубија малку самодоверба?
ФА: Можеби малку. Секако по две титули по ред тие веруваа многу во своите можности. Но, Рено нема што да докажува, туку само да чека добрата работа да се покаже и да ги постави на вистинското место. Доаѓањето во Рено е голем предизвик за мене, но и за нив.
- Што е најголемата разлика во болидите без моторно сопирање?
ФА: Искрено помалку отколку што очекував. На првиот тест во Херез очекував многу проблеми, но не се работи за нешто големо. Можеби ќе биде потешко на трки како оваа и таа во Монако, но ќе видиме. Но не го сменив стилот поради тоа.
- Луис, прво кажи ни за трката со кајаци.
Луис Хамилтон: Беше навистина кул и се забавуваме. Хеики беше побрз на стартот, но потоа згреши со патеката. Затоа го победив.
- Како се согласуваш со Хеики?
ЛХ: Навистина добро. Тој се прилагоди на тимот одлично и по се изгледа ужива. Игравме тенис неодамна и добро се согласуваме.
- Двајцата имате искуство од една сезона. Дали тоа е проблем и може ли да стане проблем за развој на болидот?
ЛХ: Тоа не е проблем и нема да биде. Хеики има одлична кариера зад себе, многу искуство, како и јас. Двајцата влегуваме во втора година во Ф1 и имаме иста желба за победа и за работа со тимот. Мислам дека тоа е одлично. Имам далеку подобра подготовка за 2008.
- Кажи ни за поинаквите емоции од пред една година. Лани сигурно беше нервозен. Дали сега има повеќе притисок?
ЛХ: Има помалку притисок од лани бидејќи лани толку нестрпливо ја чекав првата Ф1 сезона и имав огромен товар на мене. Сега чувството е поинакво. Само паузата беше предолга. Како да не сме се тркале цела вечност.
- Кими пред една година го возеше своето прво ГП за Ферари. Што е различно во 2008?
Кими Раиконен: Сега е многу полесно. Го знам тимот, ги знам луѓето...
- Но, ти си фаворит за титулата од почеток. Дали тоа е притисок?
КР: Не, но мислам дека прво треба да ја почнеме сезоната, а потоа да зборуваме за фаворити. Мислам дека двата главни тима се понапред, но се може да се случи.
- Твојот колега (Фелипе Маса) е поискусен од тие на Луис и Фернандо. Во што е предноста?
КР: Имаме добар тим и многу добра атмосфера лани, така што не гледам зошто би се менувале. Ако сме посилни од другите тимови, тоа ќе биде поради искуството.
- (Ден Кнутсон, Спид Спорт Њуз) За Луис лани потпишавте неколку автографи пред гаражата. Сега сте далеку попопуларни, дали тоа ќе се смени?
ЛХ: Се уште планирам да го направам тоа. Не гледам зошто би се променило. Но, мора да има граница бидејќи инаку ќе потпишувам автограми цела вечност.
- (Оливер Холт, Дејли Мирор) Луис, дали си разочаран што Фернандо нема да биде во тимот?
ЛХ: Не сметам дека има голема разлика. Хеики беше добредојден во тимот, исто како и Фернандо. Секако, поинаку е кога имаш двократен светски шампион, а ја стартуваш првата сезона. Тогаш е вистинска привилегија да се работи. Штета што Фернандо не е тука, но имаме нов предизвик.
- (Џон Мекивој, Дејли Мејл) Фернандо, да го свртиме прашањето, дали си разочаран што го немаш Луис за колега.
ФА: Во основа истиот одговор и од мене. Го имам Нелзињо во тимот и со нови возачи можеш да научиш многу. Кога дојдов во Мекларен, Луис пристигна во тимот и свежите идеи секогаш се одлични. Секоја година е нов предизвиик.
(Марко Дел’Иноченти, Газета Дело Спорт) Фернандо, Рон Денис денеска изјави дека ти недостасуваш во Мекларен и дека ве смета за голем возач. Дали сте задоволни со тоа?
ФА: Искрено, не ми е многу грижа. Флавио зборува секоја недела, сега и Рон почна да зборува. Се тоа е ОК, но не е многу важно за мене. Јас сум концентриран на првата трка, а не на тоа што зборуваат луѓето.
(Паоло Јанери, Газета Дело Спорт) Кими, дали мислиш дека Мекларен без Фернандо ќе биде послаб од лани, и дали тоа ќе биде предност за Ферари. Или Луис со една година искуство ќе може да го развива болидот.
КР: Не знам. Сигурно, од тоа што гледам досега Фернандо не е побрз сега. Тој нема да има добар болид оваа година како тој од лани. Не знам колку се силни Мекларен бидејќи е тешко да се предвидува. По првите две трки ќе знаеме повеќе. Има многу луѓе во тој тим кои знаат што прават, така што очекувам да бидат силни.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|