понеделник, 17.03.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

В НЕДЕЛА (5.30) СТАРТУВА 59. ФИА ФОРМУЛА 1 ШАМПИОНАТ
Стартува Ф1 циркусот

Сонот на Берни Еклстоун се оствари. Барем во поголемиот дел. Шефот на Ф1 сакаше тројцата најдобри возачи на светот да се во три најдобри тимови, и сега го има тоа. Со светскиот шампион Кими Раиконен во Ферари, брилијантниот англиски штитеник Луис Хамилтон во Мекларен и “челичниот” двократен шампион Фернандо Алонсо во Рено, на прв поглед сите состојки се тука да имаме формула 1 сезона за која ќе се зборува долго време.

Дури има надеж со цел “политички отров” од 2007 зад себе спортот да може да го очекува година во која на насловните страници ќе го има тоа што се случува на патеката, а не надвор од неа.

Но, некако е тешко да се верува дека тоа ќе се случи.

Шпионскиот скандал меѓу Мекларен и Ферари речиси сигурно е зад спортот, барем за ФИА и за тие кои ја водат формула 1, но италијанските цивилни власти се уште работат на приватната тужба на Ферари кон ривалите.

Во меѓувреме, трансферот на Алонсо во Рено ја трга на страна можноста за повторување на проблемите во Мекларен, кои лани му пречеа на Хамилтон. Сепак, ќе биде изненадувачки ако Шпанецот не чека шанса да врати на поранешниот тим и колега, така што може да биде интересно и на патеката.

Дали Алонсо ќе ја добие таа шанса е друга тема бидејќи тимот на Рено во 2008 е далеку од тој тим кој го напушти во 2006 со две едноподруго титули. Со совршеното француско партнерство со Мишелин, Рено добија тежок удар кога како сите во Ф1 мораа да се префрлат на Бриџстоун минатата сезона. Грешките и несфаќањето на проблемот почнаа од дизајнот на болидот, а ако се гледа тестирањето, Французите не го поправија тоа ниту сега. Тие можеби нема да можат да го поминат минатогодишниот трет најбрз тим, БМВ Заубер.

Враќањето на Алонсо ќе влијае добро на самодовербата на Рено, но дури ниту неговиот талент не може да ја надмине разликата до неговиот поранешен тим и до Ферари. Ќе биде уште поинтересно ако почне да се остварува предвидената шпекулација дека Алонсо сака во Ферари во 2009.

Но, не само Рено не успеаја да ги стигнат спектакуларните Мекларен и Ферари. Така останува интересната можност да имаме трка на два возачи за титулата. Алонсо е покомплетен возач од Раиконен и најверојатно и од Хамилтон, но многумина би уживале во битката Хамилтон-Раиконен во 2008.

Прогнозата вели дека Ферари имаат потенцијално значајна предност на стартот на сезоната, но дека Мекларен можат да ги предизвикаат на квалификациите и повторно да имаат предност со стабилноста и постојаноста на нивниот болид.

Повеќето се сигурни на едно нешто - битката ќе биде долга и тесна, нешто што и двајцата возачи го знаат.



ФОРМУЛА 1 КАЛЕНДАР 2008

16 март Австралиско ГП Мелбурн, Алберт Парк

23 март Малезиско ГП Куала Лумпур, Сепанг

6 април Бахреин ГП Манама, Сакир

27 април Шпанско ГП Барселона, Каталуња

11 мај Турско ГП Истанбул, Истанбул Парк

25 мај Монако ГП Монако, Монте Карло

8 јуни Канадско ГП Монтреал, Жил Вилнев

22 јуни Француско ГП Невер, Мањи-Кур

6 јули Британско ГП Силверстоун

20 јули Германско ГП Хокенхајм, Хокенхајмринг

3 август Унгарско ГП Будимпешта, Хунгароринг

24 август Европско ГП Валенсија, улична патека

7 септември Белгиско ГП Спа-Франкоршамп

14 септември Италијанско ГП Монца

28 септември Сингапур ГП Сингапур, улична ноќна трка

12 октомври Јапонско ГП Ојама, Фуџи

19 октомври Кинеско ГП Шангај

2 ноември Бразилско ГП Сао Пауло, Интерлагос

ФОРМУЛА 1 ШАМПИОНИ

ВОЗАЧИ                                КОНСТРУКТОРИ

1950 Нино Фарина (Ита), Алфа Ромео не се доделуваше

1951 Хуан Мануел Фанџо (Арг), Алфа Ромео не се доделуваше

1952 Алберто Аскари (Ита), Ферари не се доделуваше

1953 Алберто Аскари (Ита), Ферари не се доделуваше

1954 Хуан Мануел Фанџо (Арг), Масерати не се доделуваше

1955 Хуан Мануел Фанџо (Арг), Мерцедес не се доделуваше

1956 Хуан Мануел Фанџо (Арг), Ферари не се доделуваше

1957 Хуан Мануел Фанџо (Арг), Масерати не се доделуваше

1958 Мај Хоторн (Бри), Ферари Ванвол (Бри)

1959 Џек Бребем (Авс), Купер Купер (Бри)

1960 Џек Бребем (Авс), Купер Купер (Бри)

1961 Фил Хил (САД), Ферари Ферари (Ита)

1962 Греем Хил (Бри), БРМ БРМ (Бри)

1963 Џим Кларк (Бри), Лотус Лотус (Бри)

1964 Џон Сартис (Бри), Ферари Ферари (Ита)

1965 Џим Кларк (Бри), Лотус Лотус (Бри)

1966 Џек Бребем (Авс), Бребем Бребем (Бри)

1967 Дени Халм (НЗе), Бребем Бребем (Бри)

1968 Греем Хил (Бри), Лотус Лотус (Бри)

1969 Џеки Стјуарт (Бри), Матра Матра (Фра)

1970 Јохен Ринд (Авт), Лотус Лотус (Бри)

1971 Џеки Стјуарт (Бри), Тајрел Тајрел (Бри)

1972 Емерсон Фитипалди (Бра), Лотус Лотус (Бри)

1973 Џеки Стјуарт (Бри), Тајрел Лотус (Бри)

1974 Емерсон Фитипалди (Бра), Мекларен Мекларен (Бри)

1975 Ники Лауда (Авт), Ферари Ферари (Ита)

1976 Џејмс Хант (Бри), Мекларен Ферари (Ита)

1977 Ники Лауда (Авт), Ферари Ферари (Ита)

1978 Марио Андрети (САД), Лотус Лотус (Бри)

1979 Џоди Шектер (ЈАР), Ферари Ферари (Ита)

1980 Алан Џонс (Авс), Вилијамс Вилијамс (Бри)

1981 Нелсон Пике (Бра), Бребем Вилијамс (Бри)

1982 Кеке Розберг (Фин), Вилијамс Ферари (Ита)

1983 Нелсон Пике (Бра), Бребем Ферари (Ита)

1984 Ники Лауда (Авт), Мекларен Мекларен (Бри)

1985 Алан Прост (Фра), Мекларен Мекларен (Бри)

1986 Алан Прост (Фра), Мекларен Вилијамс (Бри)

1987 Нелсон Пике (Бра), Вилијамс Вилијамс (Бри)

1988 Аиртон Сена (Бра), Мекларен Мекларен (Бри)

1989 Алан Прост (Фра), Мекларен Мекларен (Бри)

1990 Аиртон Сена (Бра), Мекларен Мекларен (Бри)

1991 Аиртон Сена (Бра), Мекларен Мекларен (Бри)

1992 Најџел Менсел (Бри), Вилијамс Вилијамс (Бри)

1993 Алан Прост (Фра), Вилијамс Вилијамс (Бри)

1994 Михаел Шумахер (Гер), Бенетон Вилијамс (Бри)

1995 Михаел Шумахер (Гер), Бенетон Бенетон (Бри)

1996 Дејмон Хил (Бри), Вилијамс Вилијамс (Бри)

1997 Жак Вилнев (Фра), Вилијамс Вилијамс (Бри)

1998 Мика Хакинен (Фин), Мекларен Мекларен (Бри)

1999 Мика Хакинен (Фин), Мекларен Ферари (Ита)

2000 Михаел Шумахер (Гер), Ферари Ферари (Ита)

2001 Михаел Шумахер (Гер), Ферари Ферари (Ита)

2002 Михаел Шумахер (Гер), Ферари Ферари (Ита)

2003 Михаел Шумахер (Гер), Ферари Ферари (Ита)

2004 Михаел Шумахер (Гер), Ферари Ферари (Ита)

2005 Фернандо Алонсо (Шпа), Рено Рено (Фра)

2006 Фернандо Алонсо (Шпа), Рено Рено (Фра)

2007 Кими Раиконен (Фин), Ферари Ферари (Ита)

Прогнозите на Ф1 експертите на ББЦ

ПАТРИК ХЕД, КО-ОСНОВАЧ НА ВИЛИЈАМС

- Кој ќе биде шампион во 2008?

Или Кими Раиконен или Луис Хамилтон. Ќе се работи за парче хартија, случајност или среќа

- Кој или што ќе биде изненадување на годината?

Нико Розберг во Вилијамс, и тимот на Торо Росо, бидејќи ми се допаѓа комбинацијата Фетел-Бурде.

- Кој или што ќе биде разочарувањето на годината?

Ако нешто се повтори како аферата Мекларен од лани. Би бил разочаран ако тоа се случи.

- Дали ќе има уште скандали надвор од патеките?

Се надевам не.

- Дали ноќната трка во Сингапур ќе биде успех?

Не гледам причина зошто тоа да не биде успех.

- Што би промениле во Ф1?

Квалификациите.

МИКА САЛО, ПОРАНЕШЕН ВОЗАЧ НА ФЕРАРИ

- Кој ќе биде шампион во 2008?

Кими Раиконен повторно. Сега кога има една титула, знае колку добро чувство е тоа.

- Кој или што ќе биде изненадување на годината?

БМВ.

- Кој или што ќе биде разочарувањето на годината?

Тојота повторно.

- Дали ќе има уште скандали надвор од патеките?

Ќе мора да има нешто бидејќи шампионатот повторно ќе отиде лесно кај Ферари. Во средина на сезоната ќе мора да има скандал да биде интересно. Не знам само што ќе биде

- Дали ноќната трка во Сингапур ќе биде успех?

Ќе биде доста убаво.

- Што би промениле во Ф1?

Веќе е променето - забраната на повеќето компјутери

ЏОН ВОТСОН, ВИЦЕ-ШАМПИОН ОД 1982

- Кој ќе биде шампион во 2008?

Зависи кој тим ќе доминира. Ако биде Ферари тогаш ќе биде Раиконен, ако биде Мекларен тогаш Луис Хамилтон.

- Кој или што ќе биде изненадување на годината?

Се надевам Рено и Фернандо Алонсо.

- Кој или што ќе биде разочарувањето на годината?

Јапонците.

- Дали ќе има уште скандали надвор од патеките?

Се надевам дека ќе имаме многу такви, а оваа година очекувам секс и рокенрол. Можеби Луис да се заљуби во некоја принцеза. Не ни требаат роботи.

- Дали ноќната трка во Сингапур ќе биде успех?

Се надевам.

- Што би промениле во Ф1?

Спортот стана предалечен и преодвоен од публиката.

Џ.Џ.ЛЕХТО, ПОРАНЕШЕН ВОЗАЧ НА БЕНЕТОН И ЗАУБЕР

- Кој ќе биде шампион во 2008?

Кими Раиконен. Ферари се многу добри, а Кими изгледа среќно.

- Кој или што ќе биде изненадување на годината?

Мора да биде другиот тим, Мекларен со Хамилтон и Раиконен. Ние, Финците, очекуваме многу од Хеики.

- Кој или што ќе биде разочарувањето на годината?

БМВ беа блиску лани и многу добри на крајот на сезоната, но сите сега ќе очекуваат да победуваат на трки.

- Дали ќе има уште скандали надвор од патеките?

Скандалот секогаш биле Тојота, со парите кои ги трошат, и со резултатите кои ги имаат

- Дали ноќната трка во Сингапур ќе биде успех?

Ќе биде забавно да се види како сопирачките светат навечер.

- Што би промениле во Ф1?

Би сакал да има 5 тима со шанси за победа.

МОРИС ХАМИЛТОН, ББЦ РАДИО 5

- Кој ќе биде шампион во 2008?

Кими Раиконен.

- Кој или што ќе биде изненадување на годината?

Хеики Ковалаинен или Ред Бул

- Кој или што ќе биде разочарувањето на годината?

БМВ.

- Дали ќе има уште скандали надвор од патеките?

Не би било формула 1 ако нема нешто.

- Дали ноќната трка во Сингапур ќе биде успех?

Добро прашање. Навистина не знам.

- Што би промениле во Ф1?

Тимовите би морале повеќе да зборуваат.

Промените во правилата оваа сезона

СТАНДАРДЕН ЕЦУ

Од 2008 сите тимови мораат да користат стандардизиран и одобрен од ФИА електронски контролен уред (ЕЦУ). ЕЦУ ќе дозволи ФИА да ги надгледува болидите повнимателно.

КОНТРОЛА НА ТРИЕЊЕТО

Контрола на триењето е систем кој спречува задните тркала да се вртат доколку болидот има премногу моќ. Овој систем веќе е забранет и со тоа би требало возачките квалитети да бидат во преден план, а ФИА се надева и дека ќе има повеќе претекнување, бидејќи возачите би требало да прават повеќе грешки.

КАЗНИ ЗА МОТОРИТЕ

Возачите смеат да имаат една “слободна” промена на моторот без казната од 10 места на стартот. Сепак моторите мораат да издржат две трки по ред.

МЕНУВАЧИ

За да се зголеми постојаноста и намалат трошоците менувачите сега мораат да издржат четири ГП трки по ред. Секоја промена ќе носи казна од 5 места.

КВАЛИФИКАЦИИ

Додавањето гориво не е дозволено меѓу крајот на квалификациите и почетокот на ГП трката. Првиот дел од квалификациите ќе трае 20 минути, вториот 15 и последниот сегмент со 10 болида само 10 минути.

БИО-ГОРИВО

Во секој болид мора да има барем 5.75% од гориво добиени од биолошки извори.

Т-КАР

Тимовите можат да имаат само два болиди за користење во текот на трката. Тоа значи нема резервен болид.


Хамилтон доминантен на мешаницата во Мелбурн
Стартува Ф1 циркусот
Ф1 битката започна
“Се надевам дека Фернандо е подготвен!”
Што се се промени за 2008?
Лука не се “смирил” со Мекларен
Вилијамс ја претстави шасијата за 2008
Денис заминува оваа недела?
Хамилтон може да биде шампион
Проблеми за Хамилтон
“Ферари се посилни оваа година”
„Рено нема шанси“
“Флавио е вљубен во Алонсо”
Расисти против Хамилтон?
Хонда се надева на нов старт со РА108
Хамилтон “удри” по Алонсо
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Траен налог
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи