
|
 |
Спорт / Формула 1
САМО СЕДУМ БОЛИДИ ЈА ЗАВРШИЈА ПРВАТА ТРКА ОД НОВАТА СЕЗОНА ВО АВСТРАЛИЈА Хамилтон доминантен на мешаницата во Мелбурн
Луис Хамилтон стави линија под проблематичната мината сезона за Мекларен со супериорна победа на првата трка во Австралија откако светските шампиони Ферари се “истопија” на неделната жештина во Мелбурн, каде што само седум болиди ја поминаа целната линија.
23-годишната британска суперѕвезда, која лани ја загуби титулата за само еден поен во деби сезоната, ја контролираше трката од почетокот и на крајот победи предност од пет секунди. Хамилтон ги совлада двајцата Германци, Ник Хајдфелд во БМВ и Нико Розберг во Вилијамс, за да дојде во предност по првата од 18 трки во оваа сезона. Ова е дури петта победа во неговото 18. ГП, и тој вели дека е најдобрата.
“Оваа победа е најдобра бидејќи мислам дека сум подобрен во многу области, но не би кажал дека е совршена победа бидејќи можеме и далеку подобро. Но, во однос за контролата над гумите, брзината и самодовербата ова е најдобра трка досега”, вели Хамилтон.
Додека Хамилтон и Мекларен славеа, светскиот шампион Кими Раиконен и неговиот колега од Ферари, Фелипе Маса можеа само да жалат во катастрофалната трка во која и двајцата не успеаја да ја завршат. Раиконен, кој мораше да се бори од 15. место на стартот, беше послаб во дуелот со Хеики Ковалаинен во Мекларен во 30. круг и потоа се изврте во уште еден потег за претекнување.
Трката за Кими заврши на пет круга пред крајот, но тој сепак успеа да стигне до еден поен, кој може да се смета за важен откако Рубенс Баричело во Хонда беше дисквалификуван поради излегување од боксот при црвено светло.
Со проблемите на Ферари победата беше послатка за Мекларен, кои се обидуваат да се вратат во игра по минатогодишниот Спајгејт скандал по кој досие на Ферари беше пронајдено во домот на главниот дизајнер на тимот. Мекларен беа казнети 100 милиони е и исфрлени од шампионатот за конструктори поради тоа.
Со триумфот на Хамилтон и петтото место на Ковалаинен, Мекларен има 14 поени од трката и е фаворит пред втората трка од сезоната, во Малезија овој викенд.
“Овој резултат не е најдобриот старт на сезоната, но таа само што почна и свесни сме дека можеме да се вратиме и од полоши ситуации од оваа. Сега се треба да дојде на свое место и ќе бидеме конкурентни”, вели Раиконен.
Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо ја избегна “мешаницата” и стигна до четвртото место и пет поени во својата прва трка како повратник во Рено. Трката беше хаотична од самиот старт, а сигурносното возило излезе трипати во текот на 58. круга.
РЕЗУЛТАТИ (АВСТРАЛИСКО ГП):
1.Луис Хамилтон (Мекларен) 1:34.50.616 10
2.Ник Хајдфелд (БМВ) +5.478 8
3.Нико Розберг (Вилијамс) +8.163 6
4.Фернандо Алонсо (Рено) +17.181 5
5.Хеики Ковалаинен (Мекларен) +18.014 4
6.Казуки Накаџима (Вилијамс) +1 круг 3
НЕ ЗАВРШИЈА
7.Себастиен Бурде (Торо Росо) +3 круга 2
8.Кими Раиконен (Ферари) +5 круга 1
9.Роберт Кубица (БМВ) +10 круга
10.Тимо Глок (Тојота) +14 круга
11.Такума Сато (Супер Агури) +27 круга
12.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +28 круга
13.Фелипе Маса (Ферари) +29 круга
14.Дејвид Култхард (Ред Бул) +33 круга
15.Јарно Трули (Тојота) +38 круга
16.Адријан Зутил (Форс Индија) +49 круга
17.Марк Вебер (Ред Бул) +57 круга
18.Џенсон Батон (Хонда) +57 круга
19.Ентони Дејвидсон (Супер Агури) +58 круга
20.Себастијан Фетел (Торо Росо) +58 круга
21.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +58 круга
22.Рубенс Баричело (Хонда) дискв.
Најбрз круг: Х.Ковалаинен (Мекларен) 1:27.418
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Луис Хамилтон (Мекларен) 10
2.Ник Хајдфелд (БМВ) 8
3.Нико Розберг (Вилијамс) 6
4.Фернандо Алонсо (Рено) 5
5.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 4
6.Казуки Накаџима (Вилијамс) 3
7.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2
8.Кими Раиконен (Ферари) 1
КОНСТРУКТОРИ
1.Мекларен Мерцедес 14
2.Вилијамс Тојота 9
3.БМВ Заубер 8
4.Рено Ф1 5
5.Скудерија Торо Росо Ферари 2
6.Скудерија Ферари 1
-.Тојота Панасоник 0
-.Ред Бул Рејсинг Рено 0
-.Хонда Рејсинг 0
-.Форс Индија Ф1 Ферари 0
-.Супер Агури Хонда 0
КРУГ ПО КРУГ НА АВСТРАЛИСКОТО ГП
- На стартот Хамилтон го задржа водството пред Кубица и Ковалаинен, додека Маса се изврте, направи контакт со надворешниот ѕид оштетувајќи го предното крило. Зад нив има вистински хаос, во кој излетаа Физикела и Фетел, додека Вебер, Дејвидсон, Батон, Накаџима и Вебер имаа оштетувања на болидот. Сигурносното возило веднаш излезе
- На крајот на првиот круг Кими Раиконен од 15. скокна на 8. место
- Во 3. круг трката повторно стартуваше.
- Во 9. круг Накаџима го помина Пике за 14. место, а Зутил се повлече во боксот
- Хамилтон има серија брзи кругови и до 10. круг води со 7.6 секунди пред Кубица.
- Во 12. круг Маса го помина Пике за 15. место.
- Во 16. круг, Кубица влегува во бокс од второто место, и се враќа осми. Хамилтон влегува во 18. круг, Ковалаинен го презема водството, а Раиконен го поминува Баричело за 6. место.
- Во 22. круг, Ковалаинен влегува во боксот како лидер. Алонсо гп поминува Розберг.
- Во 23. круг, Раиконен се доближува до Ковалаинен, бидејќи уште не е влезен во боксот.
- Во 25. круг, Хамилтон води пред Ковалаинен со 12.6 секунди, зад него се Раиконен, Кубица, Хајдфелд, Алонсо, Розберг, Баричело, Глок, Култхард и Маса на 11. место.
- Во 26. круг Маса се обидува да го помине Култхард за 10. место на првата кривина и двајцата се удираат. Повторно сигурносното возило излегува, а Раиконен и Алонсо се уште не влегуваат во боксот.
- Во 29. круг боксот се отвора и Кубица, Алонсо, Глок и Накаџима влегуваат. Кими останува.
- Во 30. круг рестарт на трката, Раиконен го поминува Ковалаинен за второто место, но сопира предоцна и излетува. Подоцна во кругот Маса се откажува, а Раиконен конечно влегува во боксот.
- Во 33. круг Алонсо се доближува до Кубица за битката за 7.место, а двајцата се блиску и до Бурде. Хамилтон води пред Ковалаинен, Хајдфелд, Розберг, Баричело, Бурде, Кубица, Алонсо, Накаџима, Глок и Раиконен.
- Во 42. круг Кими се доближува до Глок, но се извртува и се враќа на истото 11. место.
- Во 45. круг, Глок излетува на една кривина во најтешкиот судар на трката и сигурносното возило повторно е на патека.
- Во 46. круг Баричело влегува во бокс, цревото за гориво се заглавува, но се откачува кога тој излегува. За ова добива дисквалификација.
- Во 48. круг трката продолжува.
- Во 49. круг Алонсо одлично го поминува Ковалаинен за 5. место
- Во 52. круг болидот на Раиконен полека откажува, и во 54. круг се откажува од 7. место.
- Во 56. круг дебитантот Бурде во Торо Росо го губи моторот и се откажува од 4. место.
- Во 57. круг Ковалаинен го поминува Алонсо за 4. место, но Шпанецот се враќа на таа позиција на рамното.
 Култхард го обвинува Маса, Маса го обвинува Култхард
Дејвид Култхард беше екстремно лут во неделата откако се судри со Фелипе Маса. Ветеранот во Ред Бул очигледно беше најлутиот од тие што не ја завршија трката, а медиумите го искористија тоа. Шкотланѓанецот смета дека Маса мора да ја преземе одговорноста за инцидентот на првата кривина.
“Ако не се извини, ќе го исклоцам малото копиле”, изјави остро Култхард.
Но, Маса не реагираше на оваа провокација, и одби да се извини.
“Тој треба да оди да гледа малку телевизија. Јас бев на внатрешната страна и не направив ништо погрешно”, вели Бразилецот.
Берни сака титулата да се одредува по бројот на победи
Ф1 шефот Берни Еклстоун сака да ги промени правилата за да се осигура дека возачот со најмногу победи ќе ја добие титулата.
“Бев малку нервозен лани, со сите проблеми со Мекларен и Ферари, но мојата цел е следните недели да ја реализирам оваа идеја. Клучниот збор тука е тркањето. Сега нема доволно претекнувања бидејќи возачите не сакаат да ризикуваат и подобро е да се втори и да освојат само два поени помалку од победникот”, вели Еклстоун.
И покрај неговите коментари, формула 1 титулата оди кај возачот со најмногу победи секоја година од 1989 година. Тогаш Алан Прост победи со четири победи, пред колегата од Мекларен, Аиртон Сена, кој имаше шест победи.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|