среда, 19.03.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

На продажба: Скудерија Торо Росо

Скудерија Торо Росо тимот е ставен на продажба, а ко-сопственикот Дитрих Матешиц вели дека сака новиот купувач да го има пред крајот на сезоната. Италијанскиот тим, кој претходно беше познат како Минарди, беше цел на шпекулации неколку месеци, посебно дека Матешиц и неговиот партнер Герхард Бергер бараат да го продадат тимот, иако ова постојано беше отфрлано од двајцата Австријци.

Но, со усвојувањето на новиот Конкорд договор меѓу тимовите, Берни Еклстоун и ФИА, сите т.н. “кориснички болиди” (болиди кои не се направени од тимот) се забранети од почетокот на 2010, и Матешиц смета дека нема начин да продолжи да работи со својот јуниорски тим.

И покрај тоа што во Австралија минатиот викенд тие освоија два поени со Чемп Кар “царот” Себастиен Бурде, Австриецот за швајцарската публикација Моторспорт Актуел вели дека планот за продажба е на место.

“Не е голема тајна дека го ставивме Торо Росо тимот на пазарот. За стартот на 2010 ќе има промена на правилата и нема да може да има синергија околу дизајнот и конструкцијата на болидите меѓу Ред Бул Рејсинг и Скудерија Торо Росо. Затоа сметам дека е потребно да продолжиме само како еден тим. Нема да го продадеме Торо Росо во текот на оваа сезона, но мора да има нов сопственик пред 2010”, вели Матешиц.

Шпекулациите за планот за продажба на Торо Росо се појавија во Мелбурн минатиот викенд, кога рускиот бизнисмен Рустам Тарико беше висок гостин на Бергер. Тарико беше поврзуван со можно влегување во формула 1 заедно со поранешниот возач Еди Ирвајн.

Друго име кое е поврзувано со Торо Росо беше Тони Тешеира, претседателот на А1ГП серијата, но и Николас Тод, синот на поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод. Матешиц не сакаше да открие кој би можел да го купи тимот, но вели дека ќе го продаде тимот само на “квалитетен” купувач.

“Ќе го продадеме тимот само во безбедни раце”, заврши тој.

Торо Росо беше формиран на стартот на 2006, откако Матешиц го купи стариот тим на Минарди од Австралиецот Пол Стодарт. Според Моторспорт актуел, Матешиц за Торо Росо бара 80 милиони евра.


На продажба: Скудерија Торо Росо
Италијанците немаат милост за Ферари
Хамилтон доминантен на мешаницата во Мелбурн
Стартува Ф1 циркусот
Ф1 битката започна
“Се надевам дека Фернандо е подготвен!”
Што се се промени за 2008?
Лука не се “смирил” со Мекларен
Вилијамс ја претстави шасијата за 2008
Денис заминува оваа недела?
Хамилтон може да биде шампион
Проблеми за Хамилтон
“Ферари се посилни оваа година”
„Рено нема шанси“
“Флавио е вљубен во Алонсо”
Расисти против Хамилтон?
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи